ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Николоски: Со идниот градоначалник Проданоски ќе ги продолжиме инфраструктурните проекти, ќе се гради автопатот од Прилеп до Фариш

September 29, 2025 13:24
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како централна власт  активно работиме да се завршат големите инфраструктурни проекти, експресниот пат Градско, преку Дреново и Фаришкако и автопатот од Прилеп до Битола,работиме Прилеп целосно да биде автопатски поврзан, порача вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска од Прилеп на почетокот на кампањата за локалните избори.

-Ние во изминативе година и неколку месеци откако сме централна власт се обидовме максимално да помогнеме, дали се работи за големите инфраструктурни проекти, се заврши експресниот пат од Градско преку Дреново до Фариш, што со години беше запоставено, и се пушти во функција. Активно работиме и на изградба на големиот автопат од Прилеп до Битола, а правиме планови и за многу брзо време ќе почнеме да работиме и од Фариш до онаму каде што почнува автопатот, а тоа е влезот за Прилеп да биде целосно автопатско или со експресен пат поврзан и со главниот глад, и со Коридорот 10 но исто така и со Битола и на тој начин би имал пристап на два големи патни правци, директно поврзување и со соседна Србија но исто така и со соседна Грција, можност за голем инфраструктурен развој, и поддршка на бизнисот, изјави Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посака фер кампања за граѓаните да можат да ги слушнат и пораките на ВМРО-ДПМНЕ и на опонентите за да споредат и да направат најдобар избор.Николоски ја најави поддршката што ќе ја има од централната власт канидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски.

-Заедно со новиот градоначалник Дејан Проданоски ќе ги работиме, тој беше доста активен во Собранието и се бореше за општината и за целиот овој регион и сум убеден дека како градоначалник ќе го реализира сето она што ќе го претстави пред граѓаните во следниов период а ќе не има нас како голема поддршка и мене лично како носител во четвртата изборната единица и како ресорен министер, но исто така и премиерот Мицкоски, којшто голем фокус посветува и на Прилеп и на целиот овој регион, рече Николоски.

Кандидатот за градоначалник на прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски вети програма со која прилепчани ќе добијат подобар живот.

-Ова ќе бидат избори кои ќе значат секојдневие на секој прилепчанец, ова ќе бидат избори кои ќе донесат подобри улици, училишта, здравствени установи, подобар живот за сите граѓани. Овие се избори кои ќе ги започнеме со чувство на сигурност дека имаме одличен тим, уште подобра програма и сигурност дека ќе ја добиеме најсилната поддршка од Владата, предводена од претседателот Кристијан Мицкоски, изјави Проданоски.

Во центарот на Прилеп беа  претставени кандидатите за советници и носителот на листата, д-р Билјана Кржеска.

Tags: Александар НиколоскиПрилепПроданоски
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен: Се обидувам да ги убедам младите возачи да не се фиксираат на Формула 1

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk