ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Турска помош од маски, скафандери и тестови пристигна во земјава

Турција попладнево со авион на турската армија што слета на Меѓународниот аеродром – Скопје и достави на Северна Македонија помош во медицински материјали за справување со коронавирусот. Помошта се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери, 1.000 дијагностички тестови и друг медицински материјал.

April 8, 2020 15:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Турција попладнево со авион на турската армија што слета на Меѓународниот аеродром – Скопје и достави на Северна Македонија помош во медицински материјали за справување со коронавирусот. Помошта се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери, 1.000 дијагностички тестови и друг медицински материјал.

Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок му ја предаде медицинската донација на шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој се заблагодари за помошта.

– Тука сме да ја примиме помошта од пријателска Турција, од турскиот народ до македонскиот народ. Има една убава порака од пакетот помош што се состои од 50.000 маски, 1.000 заштитни одела и 1.000 тестови за КОВИД-19 од претседателот на Турција Ердоган, кој вели дека „има многу надеж за безнадежноста и има многу сонца за темницата“, рече Димитров примајќи ја донацијата.

Тој прочита и дел од писмото од претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган до претседателот Стево Пендаровски.

– Во неговото писмо до нашиот претседател Пендаровски, кој нема да ми замери и во негово име да се заблагодарам за оваа помош, претседателот Ердоган ни честита за неодамнешните успеси, зачленувањето во НАТО, одлуката за почеток на преговори со ЕУ и вели „се надевам и вие повторно ќе живеете во спокој и полно здравје, пријатели и сега сојузници. Благодарам уште еднаш, рече Димитров.

Секизќок од своја страна рече дека епидемијата на коронавирусот се претвори во глобална закана и оти сите доживуваме трагични денови и поради тоа секојдневно имаме потреба од глобална соработка пред оваа закана.

– Во овие денови лидерството и меѓународната солидарност имаат посебна важност. Со ваква перцепција на работите, Турција испраќа медицински материјал низ земјите во светот со цел справување со епидемијата. Нашите народи со векови живееле заедно на Балканот и во Македонија која е во срцето на Балканот и секојпат го задржала своето место во срцето на Турција и турскиот народ. Ние ги уважуваме поимите братство и пријателство и се што е во тој дух, рече турскиот амбасадор.

Истакна дека медицинската опрема што пристигна во Скопје заедно со себе носи и љубов, пријателство и поздрави од претседателот Ердоган и турскиот народ и ќе придонесе за подобро справување со корона кризата.

Next Post

Владата го одложи извршувањето на казна затвор за лица осудени до три години

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk