Поради приклучок на вториот дел од кабелот на трасата Суво поле – Вевчани утре без напојување со електрична енергија ќе бидат селата Вевчани, Октиси и Горна Белица.
Прекинот, како што соопшти градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, ќе биде во периодот од 9 часот до 14 часот и 30 минути.