ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каде се издаваат дозволи за движење за време на полициски час и за кои категории на граѓани

Владата информира кои институции даваат дозволи во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата и за кои категории на граѓани. 

April 8, 2020 18:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Владата информира кои институции даваат дозволи во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата и за кои категории на граѓани.

Во категорија на дозволи кои ги издава МИОА се опфатени:

– Претставници на институции за кои со одлука на Кризниот штаб на Влада на Република Северна Македонија е утврдено дека имаат потреба да се движат во време на забраната за движење

– Дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен

– Вработени во мали пекари/бурекчилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие

– Дежурни вработени во погребални претпријатија

– Лица кои се грижат за лица кои имаат потреба од нега од друго лице-трето лице (со соодветна медицинска документација)

– Одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Подрачните единици на МЗШВ се одговорни за подготовка на список на земјоделци

Сите дозволи што ги обезбедува МИОА, се достапни преку порталот за uslugi.gov.mk.

Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекчилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени.

Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата

Во категоријата дозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат:

– Вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби

– Вработени во сервисни компании (ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори, јавни и комунални претпријатија)

Општинските кризни штабови даваат услуги за:

– Достава на храна и основни продукти (ресторани и маркети)
Во отстапките за ограничено движење влегуваат вработените во компаниите за кои дозволи за движење ги издава работодавачот, и тоа:

– Компании кои имаат регистрирано работа во трета и/или четврта смена во Државен инспекторат за труд

– Медиуми кои имаат дежурни вработени за кои не е потребна работа на терен (движење од домот до работното место и назад)

– Градежни компании за вработени кои се ангажирани за работа на објекти

– Компании кои работат за време на викенд

Со оваа мерка се опфатени и категории на граѓани за кои не е потребна дозвола за движење, и тие се однесуваат на:

– Превозници со товарни возила

– За потреба на достава на стока (со соодветна документација)

– Прошетка на домашни миленичиња (во дозволените периоди и во непосредна близина на домот)

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Малик Бизли уапсен под сомнение за местење на НБА натпревари

June 30, 2025

Поевтинуваат сите горива

June 30, 2025
Фото: Tahiti Tourisme

Првпат во историјата: Вештачка интелигенција овозможи 20-минутен „разговор“ меѓу човек и кит

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски Модернио

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk