Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изрази сочувство до семејствата на починатата родилка и до сите починати од корона вирусот.
„Во овие тешки моменти за нашиот град, државата и светот нема зборови со кои може да се опише денешната загуба на нашата сограѓанка и сите наши сограѓани кои што до сега ја изгубија борбата против корона вирусот.
Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата на починатите.
На сите заболени од вирусот кои во моментов се борат против него им посакувам брзо закрепнување, поддршка за семејствата и не заборавајте, не сте сами, Куманово е со вас.
Куманово ќе го надмине оваа и ќе победи!“ напиша на Фејсбук градоначалникот Димитриевски.