ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025 16:23
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
ВИ

ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Пред локалните избори во Северна Македонија се забележува зголемена активност на руската пропаганда преку пренесување на про-руски наративи во дел од македонските медиуми, кои имаат за цел, иако се работи за локални избори, да го зголемат анти – ЕУ и анти-западното расположението кај таргетираниот дел од гласачкото тело.

Така, повеќе македонски медиуми, познати од претходно по зачестено некритичко пренесување на наративите на руските функционери и пропагандисти . Во последниот наплив на руски пропаганда во македонскиот информативен простор, овие медиуми, речиси оркестрирано ја пренесуваат изјавата на заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, познат по неколку свои несмасни коментари, која тој ја споделил на својот Телеграм канал, по повод најавата на Трамп дека размислува да ја снабди Украина со американски ракети Томахавк, како одговор на секојдневните руски ракетни напади врз цивилните цели и критичката инфраструктура низ Украина, во кои има голем број цивилни жртви.

Така, некои со апокалиптични наслови за заплашување на читателите, како „ТОМАХАВК ОД УКРАИНА БИ ПОВЛЕКОЛ НУКЛЕАРЕН ОДГОВОР ОД РУСИЈА Медведев вели дека тоа ќе биде лошо за сите, особено за Трамп“, други со малку поблага варијанта, како „Медведев предупредува: Испораката на Томахавк ракети може да има сериозни последици за САД и Трамп“ ја споделуват „острата“ критика на заменик-претседателот на рускиот Совет, дури и користејќи ги неговите погрдни квалификации „ѕвездено-пругастиот чичко“ за Трамп дека „испораката на тие ракети може да заврши лошо за сите, а пред сè за самиот Трамп“, истовремено, некои дури и го толкуваат и скриеното значење на неговите зборови, дека тој  алудирал на можен нуклеарен одговор од Москва.

Истовремено, овие медиуми пренесуваат дека Медведев, во истиот пост истакнал „дека е невозможно да се направи разлика помеѓу нуклеарната и обичната верзија на Томахавк“, изјава дадена во време кога Москва ја напаѓа Украина со  балистички суперсонични ракети „Кинжал“ и „Искандер“, способни да носат термонуклеарни/тактички нуклеарни боеви глави, и за кои исто така е невозможно да се направи разлика помеѓу нивната нуклеарна и обична верзија.

Написи со слични наслови и текстови се појавија и во медиумите во соседна Србија, од каде најчесто се преземаат текстови со содржини пласирани од руските пропагандисти.

Ова секако не е прв пат путиновите пропагандисти да се закануваат со нуклеарни напади, како што беше случајот кога презентерот на руска национална телевизија, Владимир Соловјов, се пофали дека руските хиперсонични ракети наречени „Кинжал“ се способни да го погодат Лондон за само девет минути по лансирањето. Исто така, и некои портали во земјава можат да се пофалат со претходно пренесувањето на соопштението на Министерство за одбрана на државата агресор, во кое се глорифицира големиот успех на руските вооружени сили кои успешно тестирале интерконтинентална балистичка ракета.

Зголемената руска пропаганда во дел од македонските медиуми во пресрет на локалните избори има повеќекратни цели, кои се во корелација во пошироката стратегија на Кремљ за влијание во Европа, на Балканот, вклучително и во Северна Македонија.

Руската пропагандата, преку погодни медиуми во Северна Македонија, која е членка на НАТО и претендент за влез во ЕУ, се стреми да ги прикаже Алијансата и  ЕУ како лицемерни, корумпирани, непријателски настроени, со што треба да го ослаби кредибилитетот на овие институции кај граѓаните, што кореспондира со изјавите на партискиот врв кој, следејќи ги конфронтацијата со европските иституции на релацијата Белград-Будимпешта,  ја обвинува ЕУ за наводен напад врз македонскиот идентитет, додека, од друга страна сака да се прикаже Русија и Путин како сојузници во борбата за одбраната на македонизмот, со што ќе се одвратат граѓаните да гласаат за проевропските опции.

Целта на зголеменото присуство на руските пропагандни наративи е создавање амбиент на недоверба, нестабилност, назадување на демократските процеси и забавување на евроатлантските интеграции, со што Северна Македонија на подолг рок би останала подложна на руско влијание и ранлива за идни геополитички игри.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

Преземено: Цивил Медиа


Оваа статија е дел од проектот Демократски навигатор – стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани, градење демократска отпорност. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Ердоган би можел да помогне во завршувањето на војната во Украина

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk