Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Си-ен-ен изјави дека Русија и Кина вршат нуклеарни проби, но не зборуваат за тоа.
Тој повторно најави дека и САД ќе вршат нуклеарни проби.
– Ќе тестираме затоа што и други тестираат. Северна Кореја тестира. Пакистан тестира. Знаете, колку и да се (нуклеарно) моќни, светот е голем. Не мора да знаете каде вршат проби, Тие тестираат под земја, на големи длабочини, каде што луѓето не знаат што се случува. Чувствувате мали вибрации. Тие тестираат, а ние не. Мораме, посочи Трамп.
			




