ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Жбогар: Aко економијата остане парализирана предолго, по кризата ќе има големи последици

Евроамбасадорот Жбогар предупредува дека постои голема опасност од последиците кои ќе следат по кризата, и не само тука, туку ширум Европа, ако економијата остане парализирана предолго.

April 11, 2020 08:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пакетот од 66 милиони евра е првична поддршка, но ние веќе разгледуваме повеќе проекти, повеќе идеи како да ви излеземе во пресрет. Постои голема опасност од последиците кои ќе следат по кризата, и не само тука, туку ширум Европа, ако економијата остане парализирана предолго, вели во интервју за Македонско радио евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Тој очекува во наредните недели во земјава да пристигнат медицинската опрема и материјали од најавената итна помош во вредност од четири милиони евра за земјава од ЕУ која ни додели првична помош во вредност од 66 милиони евра за справување со последиците од пандемијата со корона вирусот.

– Преговараме за другиот дел на средствата особено за оние 50 милиони евра кои ги доделивме. Деновиве преговараме со Владата за тоа кој ќе биде најефективниот начин за нивно користење и мислам дека кон крајот на април ќе имаме појасна слика. Потоа, доделивме девет милиони евра за мали и средни претпријатија за да им помогнеме во справувањето со последиците по кризата и, исто така, ќе помогнеме со три милиони евра буџетска помош особено за младите и ранливите категории на граѓани, вели Жбогар и истакнува деја ова е почетна помош и оти Европската Унија сега води интерни разговори за можна дополнителна помош за земјите од регионот, вклучувајќи ја и нашата земја.

Предупредува дека постои голема опасност од последиците кои ќе следат по кризата, и не само тука, туку ширум Европа, ако економијата остане парализирана предолго.

-Тогаш ќе се справиме со далеку поголеми последици кога луѓето ќе ја изгубат работата, кога фирмите ќе пропаднат итн. итн. Затоа мислам дека е многу важно да ги преземеме сите потребни мерки сега, да избегнуваме контакти, да останеме дома за да се спречи ширењето на вирусот и да му помогнеме на медицинскиот персонал да се справи со кризата во повеќе или помалку нормална ситуација, затоа што ако излезе вирусот од контрола, тогаш ќе биде многу тешко за болниците да излезат на крај со пациентите. Затоа, му се придружувам на повикот до луѓето да останат дома и да размислат за тоа дека можеби вирусот не е опасен за нив, но може да биде опасен за многу луѓе, вели Жбогар, во интервју за емисијата „Радиоспектар“.

Тој истанува деја по сите напори направени од нашата земја, Европска Унија го испорача ветувањето за почеток на преговори.

-Дури и ако се случи тоа во вакво време, мислам дека е важно да се признае дека ова е патоказ, дека нешто важно се случи, дека ја преминавме линијата, се качивме во возот и возот ја напушти станицата. Земјите – членки решија да отворат пристапни преговори со вашата земја и сега процедурата е почната, вели Жбогар, оценувајќи дека позитивната одлука на земјите членки и нивните лидери се должи првенствено на промените и реформите кои беа направени во земјата.

Тоа, појаснува, беа промените и реформите направени дури и по октомври, дури и по разочарувањето во октомври кога вашата земја продолжи да испорачува реформи, продолжи да усвојува закони во Собранието, продолжи да прави други реформи. Тоа што ги натера земјите – членки да отворат преговори беше, се разбира, огромната поддршка која постои во оваа земја за интеграција, за пристапување во Европската Унија. Како што впрочем спомнав порано, 80 проценти од граѓаните ја гледаат нивната иднина во Европската унија, во европското семејство. Зборуваме за постојана поддршка, така што тоа беше еден важен елемент и, се разбира, тоа што е различно од октомври е дека земјите – членки се согласија за нова методологија за водење преговори, за нов начин на подобрување на преговарачкиот процес со цел да стане поефективен за двете страни во иднина, наведува евроамбасадорот Жбогар.

Како што оценува, нашата држава е подготвена да ги почне преговорите и тимовите да изградат преговарачки ставови за секое од поглавјата кои ќе бидат отворени.  – Се разбира, затоа е многу тешко да се предвиди кога ќе се одржи првата конференција на која ќе има формално отворање на преговорите. Исто така, поради состојбата со вирусот во овој момент е тешко за земјите – членки да одржат состаноци на кои ќе бидат физички присутни во Брисел. Имавме неколку виртуелни состаноци, но сепак тоа не е исто, особено кога преговарате за толку важен документ каков што е мандатот за преговори или, пак, Преговарачка рамка за преговори. Мислам дека ни е потребно да одржиме физички состаноци, а токму поради тоа во овој момент е тешко да се предвиди кога ќе се случи тоа. Но, мислам дека времето кое го имаме сега на двете страни треба добро да се искористи за да се подготват многу конкретно за преговарачките ставови за секое од поглавјата. Како што реков, Комисијата веќе се подготвува и ќе им го презентира тоа на земјите – членки во почетокот на јуни, вели Жбогар.

Новата методологија, укажува, треба да ги направи преговорите подинамични, попредвидливи и, исто така, поверодостојни и повеќе политички. – Луѓето ќе видат дека не станува збор само за штиклирање на завршени обврски или, пак, за бирократски одговори во преговорите, туку повеќе за вистинска промена на животот во самото општество. Ова е важно за нашите граѓани, но дури и поважно за вашите граѓани да видат. Значи, има многу надеж и очекувања од новата методологија. Вашата земја ќе биде првата која ќе ги почне преговорите по новата методологија и мислам дека е во интерес на Европската Унија и на вашата земја ова да успее, наведува Жбогар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk