Во нормални услови, кралскиот кројач Стјуарт Парвин е презафатен со изработување на познатите пастелни капути и фустани на кралицата Елизабета, но во последно време тој прави нешто со уште поголем предизвик.
Кралскиот кројач на својот Твитер профил откри дека во последно време е зафатен со изработување на медициски одела, и во секој момент веќе треба да биде реализирана првата пратка. Освен сликите на објавата, Парвин напиша и порака со која ги повикува да се приклучат сите оние кои можат да помогнат.
„Ако сакате да станете дел во овој потфат со шиење од дома, или како фирма која може да ни отстапи простор за работа, контактирајте ги неколкуте координиративни групи кои работат на организацијата“ – пиша Парвин.
Во дополнување на првата објава со која ги повикува заинтересираните и оние кои се во можност да помогнат, се заблагодари и на сите оние кои неуморно ги ризикуваат своите животи на фронтот против корона епидемијата.
Our first set of scrubs are ready to be dropped off for @frimleyhealth. If you would like to get involved as a home sewer, or as a business with work space, there are several groups set up that are co-ordinating the effort. @scrubsgloriousscrubs and @scrubsfortheloveof
?#nhs pic.twitter.com/7mt8QaYc8m— Stewart Parvin (@Stewart_Parvin) April 9, 2020
А. Н. Стојчевски