УНИВЕРЗИТЕТСКАТА клиника за радиотерапија и онкологија ги информира пациентите дека установата функционира непречено и во услови на Ковид-19, поради специфичноста на малигните заболувања.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Стево Пендаровски денеска упати честитка до скопскиот бискуп и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.
Д-Р. ВАСЕВ од Клиниката за Онкологија, со кратко видео информираше дека пациентите кои треба да примаат терапија можат да дојдат во закажаните термини.
ЗДРУЖЕНИЕТО на граѓани за култура и уметност „АН-БЛОК“ Скопје, во услови на пандемија им овозможи на децата ефективно, едукативно и рекреативно користење на слободното време преку примена на ИКТ како стратегија која се наметна како резултат на почитување на мерките за заштита од корона вирусот.
МЕЃУ 30 и 40 % од граѓаните не ја прифаќаат понудата на банките за одложување на плаќањето на обврските. Кај некои банки веќе рокот за пријавување заврши, кај некои треба да заврши деновиве и следната недела треба да се има конкретнтно колку од клиентие не ја прифатиле можноста за одолжување на обврските по кредитите.
ЧЕТИРИГОДИШНО дете вчера загина откако во него и во уште три малолетни лица пред здравствената амбуланта во струмичкото село Банско удрило патничко возило. Со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен пешак.
ПАКЕТОТ од 66 милиони евра е првична поддршка, но ние веќе разгледуваме повеќе проекти, повеќе идеи како да ви излеземе во пресрет. Постои голема опасност од последиците кои ќе следат по кризата, и не само тука, туку ширум Европа, ако економијата остане парализирана предолго, вели во интервју за Македонско радио евроамбасадорот Самуел Жбогар.
ММФ одобри финансиска поддршка за нашата земја, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу
ЗЕМЈИТЕ од Централноевропскиот трговски договор (ЦЕФТА) го одобрија списокот на основни производи на кои треба да се даде приоритет кога станува збор за прекуграничниот транспорт, со цел да се обезбеди соодветно снабдување во услови на кризата со Ковид-19.
ЗЕМЈОТРЕС со јачина од 3.3 степени утрово е регистриран во Албанија. Епицентарот на земјотресот бил на 19 km од Корча.
КРАЛСКИОТ кројач Стјуарт Парвин кој обично е презафатен со изработување на познатите пастелни капути и фустани на кралицата Елизабета, во последно време прави нешто што е уште поголем предизвик.