Аргентина ќе го продолжи карнтинот што го воведе на 20 март како мерка за контрола на ширењето на корона вирусот, изјави аргентинскиот претседател Алберто Фернандез.
Италија, сѐ уште како втора најпогодена земја од корона вирусот, ги продолжи мерките до 3 мај.
Шпанија, иако регистрира заболени со Ковид-19 со намалена стапка во споредба со претходно, превентивно ја продолжи забраната до 29 април.
Ирска ги продолжи до 5 мај ограничувањата воведени поради корона вирусот, јави ДПА.
Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Германија, Франција, Норвешка и Русија се само неколку од земјите каде се преземаат поинтензивни мерки како строг полициски час од цели викенди, па и недели.
Во нашата земја инаку, од вчера (петок, 10 април) стапи на сила 61-часовен полициски час на ниво на цела држава. Претходниот викенд таков полициски час беше на сила во Куманово.
Дозволи за движење се издадени на работниците во првите редови на фронтот против корона вирусот, медицински персонал, полиција, армија, итн.
Министерот Венко Филипче на вчерашната редовна прес конференција кажа дека доколку овие строги мерки резултираат позитивно, како што се случаите во некои европски земји, забраните постепено би се намалувале.
А. Н. Стојчевски