СДСМ побара од ВМРО-ДПМНЕ да каже колку заработил Микцоски од бизнисот со хидроцентралите и да побара да ги врати парите. Воедно, во соопштението на партијата се вели дека „ВМРО-ДПМНЕ упорно шири невистини и лажни обвинувања преку нивниот портпарол“.
Според СДСМ, конзорциумот, во кој удел има Мицкоски, во 2015 година „од владата на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски добил локација за изградба на хидроцентрала“.
„После сите можни злупотреби кои фамилијата и режимот на Никола Груевски ги направија, после сите прибирања од бизнисот и купувања фирми, преку Орце, Сашо и многу други ВМРО-ДПМНЕ треба нив да ги повика на одговороност за криминалот. Ниту една споредба со работата на приватни компании сопственост на членови на семејството на претседателот Заев не држат воопшто. Фирмите работат законски, немаат добиено ниту денар буџетски средства, не учествуваат на ниту еден тендер и не добиваат пари од државата“ – тврдат од СДСМ.
Во комуникацијата со медиумите, еден час порано, СДСМ соопштува дека „Не само што се против евроинтеграциите и членството во НАТО, туку ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дури и навиваат против напредокот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против ЕУ и НАТО, против реформите, против концептот со кој парите се враќаат на граѓаните, против раст на платите и пензиите, против сѐ што е добро за граѓаните и државата“.
Утрово, FRONTLINE.MK објави ексклузивни информации за тоа дека високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, користејќи ги личните контакти во сестринските партии лобираат да се прифати позицијата на Франција, да се одложи одлуката за одредување датум за преговори за јуни 2020. Во нивните лобирања против сопствената земја ги критикувале реформите кои се спроведуваат во Македонија, искажувајќи аргументи и против реформите кои самите ги поддржаа и за кои гласаа во Парламентот, и оние кои ги кочеа.
Денеска, ВМРО-ДПМНЕ објави дека се кратат пензиите, што веднаш е демантирано со информации дека, не само што не се кратат пензиите, туку дека се зголемени, а и дека допрва ќе се зголемуваат.
Опозицијата фатена како одмага во клучни моменти пред конечната одлука за почеток на преговори