ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието за случајот Јанчев: Постапка за одземање имунитет само по барање од надлежен орган

December 13, 2025 12:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија соопшти дека постапка поврзана со евентуално одземање на пратенички имунитет може да се иницира исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган.

Соопштението следува по новинарски прашања упатени до Собранието, во врска со тоа дали ќе се преземат мерки кон пратеникот Сашко Јанчев во однос на неговиот пратенички имунитет.

„Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, постапка поврзана со евентуално одземање на имунитет на пратеник може да биде иницирана исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган“, се наведува во соопштението.

Од Собранието појаснуваат дека ваква постапка е можна само во случаи кога се бара поведување кривична постапка, определување мерка притвор или извршување казна затвор кон пратеник.

„Собранието не поведува вакви постапки по сопствена иницијатива, ниту пак може да ги иницира врз основа на барања од поединци, организации или медиуми“, се вели во соопштението.

Во оваа насока, како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, доставеното барање било проследено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, како и до пратеникот Сашко Јанчев.

„Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го проследи доставеното барање до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот Сашко Јанчев, во согласност со начелата на транспарентност и целосно информирање“, се наведува во соопштението.

Од Собранието додаваат дека доколку од надлежните органи биде доставено официјално барање за постапување, ќе се постапи согласно уставните и деловничките обврски.

„Доколку од надлежните органи биде доставено официјално барање за постапување, Собранието ќе постапи во рамките на утврдените уставни и деловнички обврски“, се наведува во соопштението.

Соопштението е потпишано од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Ова следи по сообраќајната несреќа во септември годинава во скопско Марино, каде пратеникот на Левица Сашко Јанчев учествуваше во судир со мопед, при што еден малолетник почина, а друг е тешко повреден.

Родителите бараат одземање на пратеничкиот имунитет на  Јанчев.

Редакција Фронтлајн

Tags: имунитетСашко ЈанчевСобрание
Next Post
Јане Ѓорѓиоски.

Ајде да зборуваме за „убави“ работи?

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk