На автопатот Белград – Ниш, утрово се случила сообраќајна несреќа во која загинале две лица, а едно лице е повредено и е пренесено во блница, дознава Танјуг, пренесува Мета.мк.
Несреќата се случила кога автомобилот со германски регистарски таблички, излетал од патот и удрил во насипот. Српските медиуми пишуваат дека загинатите се маж и жена и дека се работи за македонски државјани.







