ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ објави изјава за Венецуела потпишана од 26 од 27 земји-членки

ЕУ повика на смирување на тензиите во Венецуела, Унгарија не ја поддржа заедничката изјава

January 4, 2026 23:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија повика на смирување на тензиите и воздржаност од сите актери, во заедничка изјава за Венецуела, поддржана од 26 од 27 земји членки. Единствена земја што не ја потпиша изјавата е Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан важи за близок сојузник на Доналд Трамп, пренесува Euronews.

„Европската Унија ги повикува сите актери на смиреност и воздржаност со цел да се избегне ескалација и да се обезбеди мирно решавање на кризата“, се наведува во изјавата. ЕУ потсетува дека во сите околности мора да се почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, при што посебна одговорност имаат и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН.

Во документот повторно се нагласува ставот на ЕУ дека Николас Мадуро нема легитимитет на демократски избран претседател и дека Унијата подолго време се залага за мирна и демократска транзиција во Венецуела, под водство на самите Венецуелци и со целосно почитување на суверенитетот на државата.

ЕУ истакнува дека правото на венецуеланскиот народ сам да ја одреди својата иднина мора да биде почитувано, додавајќи дека борбата против транснационалниот организиран криминал и трговијата со дрога е заеднички приоритет, но дека тие предизвици мора да се решаваат преку одржлива меѓународна соработка и со почитување на територијалниот интегритет и суверенитетот на државите.

Во продолжение на изјавата, ЕУ наведува дека е во близок контакт со Соединетите Американски Држави, како и со регионалните и меѓународните партнери, со цел да се поддржи дијалог меѓу сите засегнати страни што би довел до демократско, инклузивно и мирно решение на кризата.

„Почитувањето на волјата на венецуеланскиот народ останува единствениот пат за обновување на демократијата и надминување на актуелната криза“, се наведува во соопштението, при што се потенцира дека во овој критичен момент сите актери мора целосно да ги почитуваат човековите права и меѓународното хуманитарно право.

Европската Унија повика и на безусловно ослободување на сите политички затвореници во Венецуела, додавајќи дека конзуларните служби на земјите членки тесно соработуваат за заштита на безбедноста на граѓаните на ЕУ, вклучително и оние кои, како што наведуваат, се незаконски притворени во земјата.

Од загриженост до поддршка: Првични реакции на европските и светските лидери на апсењето на Мадуро и улогата на САД во Венецуела

Tags: ВенецуелаЕУОрбан
Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анаис – 5 јануари 2026

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk