ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ССМ утре ги блокира пратениците пред Собранието: „Работничката борба е маратон, а не спринт“

February 9, 2026 17:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија утре, 10 февруари, со почеток од 9 часот, ќе започне со блокада на улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ пред Собранието, како дел од втората фаза од активностите за зголемување на работничките плати. Ова е прва од најавените три блокади, по што ќе следат блокади на работодавачите и на Владата.

На денешната прес-конференција, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека синдикатот нема да се откаже од барањата за зголемување на минималната плата на 600 евра и раст на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.

„Утре, со почеток од 9:00 часот, улиците пред Собранието, односно ‘Даме Груев’ и ‘11 Октомври’, ќе бидат блокирани од работниците и Сојузот на синдикатите на Македонија. Согласно Законот, потребни ни се најмалку 21 учесник на двете локации за да можеме да ги блокираме пратениците“, изјави Трендафилов.

Тој нагласи дека блокадата е директен одговор на, како што рече, едногодишното игнорирање на работничките барања од страна на пратениците.

„Токму тие го блокираат Законот за минимална плата повеќе од една година, а за истиот период секое семејство во државата е посиромашно за 9.500 денари месечно, затоа што во истиот период вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за тој износ“, рече тој.

Според Трендафилов, пратениците се „глуви и слепи“ не само за барањата за повисока минимална плата, туку и за иницијативата за намалување на нивните примања.

„Пратениците се прават глуви и слепи на иницијативата за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари, но и на последната иницијатива за намалување на нивните плати за 80%, така што ќе си ја намалат основицата од просечна на минимална плата и ќе дојдат и тие на минималец“, изјави Трендафилов.

Тој оцени дека иницијативата на ССМ е уставна и законска и јавно ги праша пратениците зошто едни намалувања се прифатливи, а други не.

„Како ќе биде уставно и законски да ги намалат коефициентите за сложеност на нивните плати за 9,2%, а да не биде уставно и законски да ги намалат за 80%?“, праша претседателот на ССМ.

Трендафилов најави дека пратениците први ќе се соочат со последиците од блокадите.

„Поради утрешната блокада тие нема да можат да наплатат трошоци за доаѓање на работа, кои изнесуваат од 100 евра па нагоре. Така ќе им покажеме дека, како што работниците одат на работа пеш или со јавен превоз, така ќе мораат и тие“, рече тој.

По блокадата на Собранието, ССМ најави продолжување на активностите.

„Во четврток ќе ги блокираме газдите, односно Стопанската комора и Бизнис конфедерацијата на Македонија, а наредната недела, во вторник, кога Владата традиционално одржува седници, ќе бидат блокирани и владините функционери“, изјави Трендафилов.

Во одговор на новинарско прашање за договорот меѓу Синдикатот УПОЗ и Владата, тој порача дека тоа е доказ оти синдикалната борба дава резултати.

„Синдикалната борба е маратон, а не спринт. Владата се фалеше со нешто што синдикатот УПОЗ всушност успеа да го издејствува за работниците, а најголемата победа допрва треба да биде утврдувањето на минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари“, рече Трендафилов.

Тој предупреди дека доколку и по утрешната блокада нема слух за работничките барања, ССМ ќе продолжи со притисокот.

„Ќе собереме 10.000 потписи и ќе станеме овластен предлагач на закони. Тогаш нема да поднесуваме иницијативи, туку директно ќе ги намалиме платите на пратениците за 80% и ќе ја зголемиме минималната плата на 600 евра“, изјави Трендафилов.

На крајот, тој порача дека просторот за социјален дијалог бил пропуштен.

„Не сакаа да нè слушаат на маса, сега ќе мора да нè слушаат од улица“, порача претседателот на ССМ.

Прочитајте и…

Трендафилов најави блокади пред Собранието: пратениците „се прават глуви и слепи“ за зголемување на минималната плата

Ј. Ѓ.

Tags: блокадаСобраниеССМ
Next Post
Фото: Скриншот од видео на ФБ/Department of War

(ВИДЕО) Американски војници упаднале на танкер по долга потера - бродот бил поврзан со венецуелска нафта за Кина

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk