ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трендафилов најави блокади пред Собранието: пратениците „се прават глуви и слепи“ за зголемување на минималната плата

February 9, 2026 17:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска на прес-конференција најави блокади на улиците пред Собранието, како реакција на, како што рече, едногодишното одложување на Законот за минимална плата и игнорирањето на синдикалните барања.

„Утре, со почеток од 9:00 часот, улиците ‘Даме Груев’ и ‘11 Октомври’, пред Собранието, ќе бидат блокирани од работниците. Согласно законот, минимално 21 човек ни се потребни на двете локации, односно по 21 човек, за да ги блокираме пратениците“, изјави Трендафилов.

Тој нагласи дека блокадата има за цел да испрати јасна порака до пратениците, кои, според него, повеќе од една година го кочат носењето на законското решение за минималната плата.

„Тие го блокираат Законот за минимална плата повеќе од една година, а за истиот период секое семејство е посиромашно за 9.500 денари месечно, затоа што вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за толку пари“, рече претседателот на ССМ.

Трендафилов оцени дека пратениците „се прават глуви и слепи“ на иницијативата за зголемување на минималната плата, како и на барањето за раст на останатите работнички плати.

„Се прават глуви и слепи на иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата и за зголемување на останатите работнички плати за најмалку 6.000 денари“, нагласи тој.

Во исто време, Трендафилов ја повтори иницијативата за намалување на платите на пратениците.

„Бараме намалување на нивните плати за 80%, односно основицата за пресметка на платите да се намали од просечна на минимална плата, за и тие да дојдат на минималец, па потоа да зборуваат колку е добра минималната плата и како се живее во Македонија“, изјави тој.

Според него, ваквата иницијатива е уставна и законска, а јавноста заслужува одговор зошто едни намалувања се прифатливи, а други не.

„Како ќе биде уставно и законски да се намалат коефициентите за сложеност на нивните плати за 9,2%, а да не се намалат за 80%? Како 9% ќе биде уставно и законски, а 80% e неуставно и незаконски?“, праша Трендафилов.

Тој најави дека пратениците први ќе се соочат со блокадите, по што ќе следуваат и други чекори.

„Пратениците први ќе се соочат со гневот на работниците. Тие нема да можат да наплатат трошоци за доаѓање на работа, кои изнесуваат од 100 па нагоре евра. Со тоа ќе им покажеме дека, како што работниците доаѓаат на работа пеш, со автобус или со јавен превоз, така ќе треба и тие истиот ден да дојдат, за да им покажат на работниците дека сочувствуваат со нивната мака, затоа што ниту трошоците за превоз и храна, како што бара Сојузот на синдикатите на Македонија, не ги гласаат во Собранието за да имаат право работниците на такви трошоци“, истакна Трендафилов.

Потоа, нагласи тој – во четврток, ќе ги блокираме газдите, односно Стопанската комора и Бизнис конфедерацијата на Македонија, а наредната недела, во вторник, кога Владата традиционално одржува седница, ќе бидат блокирани и владините функционери“, порача Трендафилов.

Ј. Ѓ.

Tags: блокадапротестСобраниеССМТрендафилов
Next Post

ССМ утре ги блокира пратениците пред Собранието: „Работничката борба е маратон, а не спринт“

Shortcut

Најново

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026
Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk