ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Пратеникот Ристески тврди дека платите растат историски, додека работниците го блокираат Собранието со барање за повисоки плати

February 10, 2026 12:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека работниците излегоа на улица барајќи повисоки плати, владејачката партија тврди дека имаме „историско зголемување на платите“.

Утрово Сојузот на синдикатите на Македонија започна блокада на улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ пред Собранието, како дел од втората фаза од синдикалните активности за зголемување на работничките плати.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека синдикатот нема да се откаже од барањата за зголемување на минималната плата на 600 евра и раст на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Тој нагласи дека блокадата е директен одговор на, како што рече, едногодишното игнорирање на работничките барања од страна на пратениците.

„Токму тие го блокираат Законот за минимална плата повеќе од една година, а за истиот период секое семејство во државата е посиромашно за 9.500 денари месечно, бидејќи вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за тој износ“, изјави Трендафилов.

Според него, пратениците се „глуви и слепи“ не само за барањата за повисока минимална плата, туку и за иницијативата за намалување на нивните примања. Ова е прва од трите најавени блокади, по која, според ССМ, ќе следат блокади на работодавачите и на Владата.

Трендафилов најави дека пратениците први ќе се соочат со последиците од блокадите.

„Поради утрешната блокада тие нема да можат да наплатат трошоци за доаѓање на работа, кои изнесуваат од 100 евра па нагоре. Така ќе им покажеме дека, како што работниците одат на работа пеш или со јавен превоз, така ќе мораат и тие“, рече тој.

Наспроти протестите, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5 изјави дека во земјата веќе има „историско зголемување на платите“.

Ристески рече дека платите во образованието и здравството веќе се зголемени, а од март следи зголемување и во администрацијата. Тој истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ склучила договор со синдикатите за раст на платите до 40 проценти до 2028 година, оценувајќи дека станува збор за најголемо зголемување во текот на еден мандат.

Пратеникот Ристески од Прилеп и е познат на македонската јавност како рекордер по патните трошоци.

Тој бил како што самиот вели рекордер за исплатени патни трошоци од Собранието, во 2024 година и земал 14.300 евра.

Ристески во една прилиука во тв гостување, изјави: Зијан сум, не сум злоупотребил ниту денар – автомобилот го купив 35 илјади евра сега не можам да го продадам ни 15 илјади евра.

Додека владејачкото мнозинство зборува за историски раст на плати и идни проценти, синдикатите порачуваат дека работниците живеат во сегашност во која минималната плата не ги покрива основните трошоци за живот – поради што протестите, како што најавуваат, ќе продолжат.

Ј. Ѓорѓиоски

Tags: Петар РистескиплатиСобраниеССМ
Next Post

Мицкоски не би се изненадил ако се дојде и до 100 тони запленета марихуана, СДСМ бара одговор за 5 тони што поминале граница

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk