ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче на видео-конференција со евроамбасадорите: Засега успешно менаџираме со епидемијата

Димитров ја поздравил одлуката на Европската комисија да ја прифати иницијативата на министрите за надворешни работи од земјите од регионот за укинување на извозните рестрикции за Западниот Балкан за набавка на медицинска заштитна опрема од ЕУ.

April 15, 2020 14:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство, Венко Филипче, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес присуствуваа на видео-конференција со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија, предводена од амбасадорот на делегацијата на ЕУ во земјата, Самуел Жбогар.

„На видео конференцијата беа разменети информации и мислења за состојбата со вирусот Ковид-19 во земјата, како и за можностите за поефикасно сузбивање на кризата преку помошта од ЕУ, но и билатералната соработка со нејзините земји членки“, соопшти Министерството за здравство.

Од македонска страна беше презентирана состојбата со епидемијата кај нас, како и предизвиците со кои се’ уште се соочува нашиот здравствен систем. Министерот Филипче истакнал дека земјата засега успешно го менаџира текот на епидемијата.

„Со линераен раст на ново-потврдени позтивни пациенти на Ковид-19, успеваме да го амортизираме здравствениот систем и да ги оптимизираме болничките капацитети и медицинскиот пероснал. Пикот на епидемијата го очекуваме кон крајот на април, почетокот на мај, мерките и препораките даваат резултат. Во услови кога целиот свет се соочува со кризата, поддршката која ја добиваме од ЕУ и членките е од исклучителна важност и доказ дека заедничкото делување и заемното помагање водат кон побрзо справување со оваа состојба“, рекол Филипче.

Димитров ја поздравил одлуката на Европската комисија да ја прифати иницијативата на министрите за надворешни работи од земјите од регионот за укинување на извозните рестрикции за Западниот Балкан за набавка на медицинска заштитна опрема од ЕУ.

„Солидарноста на ЕУ како дел од нејзиниот координиран глобален одговор на кризата е од витално значење за нас и нашиот регион. Нашиот главен фокус е да ги заштитиме македонските граѓани, како во однос на нивното здравје, така и во поглед на социо-економските последици од пандемијата. Поддршката од „Тимот Европа“ има клучна улога при реализирањето на нашите цели. Благодарни сме што сме дел од тој тим, заеднички работејќи и при успешниот процес на репатријација на македонските, но и на граѓаните од ЕУ.“ –истакна Димитров.

„Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија ја истакнаа посветеноста на македонските власти при справувањето со коронавирусот, поздравувајќи ја навремената координација и имплементација на мерките. Тие се заблогадарија за транспарентноста и кооперативноста на Владата при информирањето, репатријацијата, безбедноста на сите граѓани во земјата, вклучувајќи ги и странските државјани“, се наведува во соопштението.

Next Post

Полицаецот што бил на увид кај починатата велешанка има корона вирус, но вршел увиди и на други места

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk