ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Снежен колапс на истокот на САД: Откажани 5.000 летови, затворени училишта и прогласена вонредна состојба

February 23, 2026 09:39
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поради силна зимска бура денеска ширум североистокот на САД се затворени училишта, прекинат е јавниот превоз и откажани се илјадници авионски летови, а жителите на тоа подрачје се предупредени на обилни снегови, силни ветрови и опасни услови за патување, соопштија локалните власти.

Поштенската служба на САД соопшти дека бурата на североистокот на земјата, од Вашингтон до Нова Англија, може да ја забави обработката, транспортот и доставата на поштата и пакетите.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, прогласи вонредна состојба во градот. Њујорк, кој е и најголемиот училиштен округ во САД, нареди затворање на сите јавни училишта поради невремето, денеска нема да има ниту настава на далечина и сите воннаставни програми се откажани.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, рече дека активирала 100 припадници на Националната гарда да помогнат на Лонг Ајленд, во Њујорк и Долната долина Хадсон, кои се подрачја за кои се очекува дека ќе го поднесат најголемиот товар од обилниот снег и крајбрежните ветрови.

Поради бурата денеска е затворен и комплексот на седиштето на Обединетите нации на Менхетен.

Според прогнозата на метеоролозите, на североистокот на САД се очекува до 60 сантиметри снег, а ударите на ветерот би можеле да достигнат 110 километри на час, што го зголемува ризикот од паѓање на дрвја и прекин на струја, според податоците на Министерството за национална безбедност.

Гувернерката на Масачусетс, Мора Хили, прогласи вонредна состојба во таа американска сојузна држава, додека Конектикат им забрани на комерцијалните возила сообраќај на автопатиштата со ограничен пристап, со исклучок на итни и неопходни испораки.

Гувернерката на Њу Џерси, Мики Шерил, прогласи вонредна состојба ширум државата и ги повика жителите сериозно да го сфатат невремето.

Според сајтот за следење на летови, FlightAware, поради зимската бура денеска се откажани повеќе од 5.000 летови, а откажувања се најавени и за утре, посебно на главните аеродроми на североистокот на САД.

Поради бурата, градскиот превозник „Њујорк транзит“ од вчера го прекина автобускиот и лесниот железнички сообраќај ширум државата, додека во Нова Англија, Управата за јавен превоз на Род Ајленд соопшти дека ќе ги прекине сите услуги додека временските услови не се подобрат. Предупредувања за зимска бура се издадени за Њујорк, Лонг Ајленд, Бостон, како и крајбрежните заедници во Њу Џерси, Конектикат, Делавер, Мериленд, Род Ајленд и Масачусетс.

Tags: САДснег
Next Post
Скриншот

Трговската војна продолжува: САД ги менуваат законските основи за царинење по пресудата на судот

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk