ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Пуштена во употреба реконструираната обиколница во Крива Паланка, следуваат стотици милиони евра инвестиции

March 2, 2026 11:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реконструираната обиколница во Крива Паланка е пуштена во употреба, а Владата продолжува со реализација на капитални инвестиции во источниот дел од државата, изјави премиерот Христијан Мицкоски, соопшти Владата.

Мицкоски посочи дека ваквите проекти претставуваат „додадена вредност во животот на граѓаните“ и „додадена вредност за македонската економија“, нагласувајќи дека во периодот што следува во Крива Паланка и во овој регион ќе се реализираат инвестиции вредни неколку стотици милиони евра.

„Многу е важно дека во периодот којшто следува овде во Крива Паланка и во овој дел од Македонија ќе поминат неколку стотици милиони евра инвестиции, инвестиции коишто ќе ја поврзат Македонија со коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на делот од коридорот 8 во Македонија“, изјави Мицкоски.

Тој прецизираше дека станува збор за третата фаза од железничката пруга, чија реализација треба да започне, како и за забрзување на втората фаза. Паралелно, како што рече, се работи и на патната инфраструктура, вклучително и на нови делници што треба да го заобиколат влезот во Куманово за патниците кои се движат кон исток, односно кон Крива Паланка и кон источниот сосед.

Мицкоски изрази очекување дека вкупните инвестиции ќе придонесат Крива Паланка да стане „богат, пристоен град“ во кој граѓаните ќе бидат задоволни и ќе се создадат услови за враќање на дел од оние што ја напуштиле државата.

„Луѓето коишто поради оправдани причини ја напуштиле Македонија, ги напуштиле своите домови гледаат сега дека таму каде што отишле, посебно во делот Западна Европа, состојбата не е таква каква што очекувале. Мислам дека со вакви инвестиции ќе претставуваат мотив и ќе можеме да ги вратиме луѓето дома и тука да си ја развиваме нашата македонска економија“, рече тој.

Премиерот нагласи дека Владата останува фокусирана на капиталните инвестиции и на поврзувањето преку коридорите 8 и 10, посочувајќи дека патничкото, железничкото и енергетското поврзување се приоритети на Владата.

„Македонија е држава којашто е практично раскрсница на два многу важни европски коридори, коридорот 8 и коридорот 10. Патничкото поврзување, железничкото поврзување па и енергетското ако сакате претставуваат приоритет на оваа Влада“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека очекува проектите за кои Владата говорела во изминатите две години од мандатот наскоро да бидат реализирани.

Next Post

СДСМ: Како ВМРО-ДПМНЕ знае што ќе проговори Груби ако не е сѐ наместено?

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk