ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Finance Think: Енергетскиот шок може да ја крене инфлацијата во Македонија до 8,2 отсто во екстремно сценарио

Колку ќе поскапи животот? Finance Think пресмета три можни инфлациски сценарија за 2026

March 27, 2026 13:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Илустрација Фронтлајн

Илустрација Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Според новата анализа на Finance Think, актуелниот геополитички шок и растот на цените на енергенсите ќе имаат директен инфлациски ефект врз македонската економија, при што просечната инфлација во 2026 година би можела да достигне од 3,5 отсто во основното, до 8,2 отсто во екстремното сценарио.

Во документот „ФТ Став бр. 68 за инфлацискиот ефект од енергетскиот шок“, Finance Think извршил моделска пресметка на можните последици врз инфлацијата врз основа на три сценарија што се разликуваат според интензитетот, траењето и начинот на пренесување на ценовниот шок кај енергенсите во економијата.

Во основното сценарио се претпоставува дека шокот веќе е делумно вграден во тековните пазарни цени и дека нема дополнителна ескалација. Според ова сценарио, цените на енергенсите краткорочно ќе растат, со пик до крајот на вториот квартал од 2026 година, по што релативно брзо би се стабилизирале во услови на деескалација на воените активности. Во втората половина на 2026 година и во текот на 2027 година би следело постепено опаѓање, а преносот кон останатите цени би бил ограничен и постепен, без посилни секундарни ефекти.

Finance Think врз таа основа ја ревидира својата проекција за просечната инфлација во 2026 година на 3,5 отсто, но со, како што наведува, изразени нагорни ризици.

Во неповолното сценарио се предвидува посилен, но сепак временски ограничен шок. Во таков случај, цените на енергенсите би растеле понагло и би достигнале повисок пик во третиот квартал од 2026 година, додека неизвесноста и надворешните услови дополнително би се влошиле. Овде преносот кон другите цени е поизразен, вклучувајќи и индиректни и секундарни ефекти, а нормализацијата би започнала дури во текот на 2027 година. Во ова сценарио, просечната инфлација во 2026 година би изнесувала 6,1 отсто.

Најтешката проекција е екстремното сценарио, кое се темели на силен и перзистентен шок поврзан со продолжена геополитичка ескалација и трајни нарушувања во снабдувањето. Во таков амбиент, цените на енергенсите би продолжиле да растат и би достигнале пик кон крајот на 2026 година, односно во четвртиот квартал, по што би останале релативно високи подолг период. Нивното опаѓање во текот на 2027 година би било побавно, а преносот во економијата би бил поширок и поинтензивен. Според ова сценарио, просечната инфлација во 2026 година би достигнала 8,2 отсто.

Од анализата произлегува дека клучниот фактор не е само висината на ценовниот удар, туку неговото времетраење. Доколку цените на енергенсите се стабилизираат релативно брзо, инфлаторниот притисок би останал ограничен. Но, ако шокот трае подолго, преку трошоците за производство, транспорт и увоз ќе се создаде поширок и подолготраен ценовен притисок во економијата.

И покрај реалните ризици од нов бран на поскапувања, Finance Think оценува дека најверојатниот исход во овој момент е умерен инфлаторен бран, а не повторување на силниот ценовен шок од 2022 година.

Tags: Finance ThinkЕнергенсиинфлацијакриза
Next Post

Мицкоски: Приоритет на Владата е повисоки плати и помала инфлација

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk