ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

МТФ „Војдан Чернодрински“: Менталното здравје на театарџиите под лупа, младите режисери дебатираа за современиот театарски јазик

June 11, 2026 15:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп денеска (11 јуни) става во фокус исклучително важна и досега ретко отворана тема во уметничките кругови. Во кафе-книжарницата „Долапче“ со почеток во 17 часот ќе се одржи панел-дискусија под наслов „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“. Под модераторство на режисерот Милош Б. Андоновски, на оваа трибина за првпат отворено ќе се проговори за депресијата, користењето наркотични средства и суицидите во театарската фела, како и за дилемите дали театрите треба да имаат вработен психолог. На панелот ќе учествуваат психологот и психотерапевт Сања Стефановиќ, актерот Марко Трајковиќ, продуцентот Петар Антевски и актерката Ангела Стојановска.

Вечерната содржина на фестивалот продолжува со две театарски изведби. Во 19 часот, Народниот театар од Битола ќе ја одигра претставата „Едмонд“ во режија на Оливер Мицевски, за која сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Неќак. Потоа, во 21 часот на Сцена 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“, скопскиот театар „Златен Елец“ ќе настапи со претставата „Сина сенка“, која длабоко продира во општествениот систем и начинот на кој тој генерира насилство и страв кај граѓаните.

Дискусија за „Страв и надеж“ на МНТ и најава за Слободан Унковски

На редовните тркалезни маси се дебатираше за изведбата на Македонскиот народен театар (МНТ), кој се претстави со претставата „Страв и надеж“ во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Модераторот Милош Б. Андоновски ја пофали актерската екипа за успешно совладаната фрагментарна драматургија, но упати критика дека сцените на моменти делувале развлечено и дека на претставата ѝ недостигаат амплитуди. Режисерката Ригонат изрази воодушевување од реакцијата на прилепската публика и потенцираше дека е храброст што МНТ за првпат поставува дело од овој автор напишано во 1984 година, кое преку хиперреализам пренесува и денес актуелни теми како осаменоста и социјалните аномалии. Актерките Наталија Теодосиева и Нела Павловиќ ги споделија своите сценски предизвици со конфузните дијалози и монолози пред празни столчиња. Директорот на МНТ, Никола Кимовски, ексклузивно најави дека од 1 септември во овој театар ангажман започнува култниот режисер Слободан Унковски, кој ќе го постави текстот „Црно злато“ од Дејан Дуковски, авторот во фокус на годинашното фестивалско издание.

Петмина млади режисери дебатираа: Што е тоа современ македонски театар?

Посебен белег на досегашниот тек на фестивалот остави научната трибина „Современ ли е современиот македонски театар? Меѓу локалната инерција и глобалните сценски текови“, каде петмина македонски режисери од поновата генерација ги вкрстија своите ставови. Во воведното излагање, модераторот и критичар Звонко Димоски посочи дека во последните три децении нашиот театар прави обиди да комуницира со европските трансформации, но отвори дилема дали навистина создадовме сопствен современ јазик или само успешно зборуваме туѓи јазици, оценувајќи го нашето приспособување како „креативно доцнење“.

Режисерката Сибел Абдиу изнесе пооптимистички став, нагласувајќи дека не заостануваме зад Европа и дека современоста се мери со ризикот што го презема режисерскиот тим, а не со формата или мултимедијата. Борис Василески, пак, современоста ја лоцираше во нужноста на претставата, а не во нејзината естетска маска. Тој додаде дека независната сцена има подобри услови за експериментирање, додека институционалниот театар често ги принудува младите автори да одат на посигурна варијанта. Режисерот Милош Б. Андоновски се согласи дека независната сцена е многу похрабра и служи како своевиден тест-простор од каде успешните форми подоцна се прелеваат во институциите. Режисерката Тамара Стојаноска критички забележа дека кај нас трудот на уметниците е подзаборавен и дека театарот на моменти станува само занает, додека современоста во институциите често флертува со комерцијализацијата. За режисерот Ѓорѓи Ризески, клучното прашање при секој нов проект е важноста на делото денес и вклопувањето на темите во денешницата, со став дека на домашните претстави генерално им недостигаат големи и храбри режисерски решенија. Театрологот Ана Стојаноска ја заокружи трибината со порака дека современиот театар мора да соодветствува со сегашното време, а младите генерации треба сами да се борат за својот простор наместо да чекаат некој нешто да им подари.

Next Post

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

Shortcut

Најново

Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

МТФ „Војдан Чернодрински“: Менталното здравје на театарџиите под лупа, младите режисери дебатираа за современиот театарски јазик

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk