ПР содржина
ТЕЦ „Неготино“ со години беше резервен капацитет на македонскиот електроенергетски систем.
Централата се одржуваше како ладна резерва, што значи дека државата имаше трошоци и во периодите кога таа не произведуваше електрична енергија.
Според бројките што ги имаме, само одржувањето на ТЕЦ „Неготино“ како ладна резерва ја чинело државата околу 5 милиони евра годишно за плати, тековни трошоци и други обврски.
Но, во 2021 година условите се променија.
Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија поради големите нарушувања на пазарот и растот на цените.
ТЕЦ „Неготино“ повторно беше активирана.
Целта била да се обезбеди дополнително производство на електрична енергија и да се намали потребата од скап увоз.
Според Годишниот извештај за работа на Регулаторната комисија за енергетика за 2022 година, пуштањето во работа на ТЕЦ „Неготино“ било економски оправдано бидејќи цената на произведената електрична енергија од мазут била пониска од берзанските цени во поголемиот дел од 2022 година.
Резултатите на централата се исто така значајни.
Во 2022 година ТЕЦ „Неготино“ остварила добивка од приближно 2,25 милијарди денари, односно околу 36,5 милиони евра.
Според податоците наведени во официјалните извештаи на ЕСМ, во 2022 и 2023 година централата остварила профит од околу 30 милиони евра.
Затоа, кога денес се анализира случајот „Мазут“, ТЕЦ „Неготино“ не може да се гледа само како трошок.
Во најтешкиот период од енергетската криза, резервниот капацитет беше ставен во функција, произведуваше електрична енергија и остваруваше значајни финансиски резултати.






