ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Граѓаните поделени околу можноста догодина да се одржи попис

Над половина од граѓаните на пописот гледаат како на политичка операција додека само една четвртина сметаат дека тоа е статистичко пребројување на народот.

April 19, 2020 17:40
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните со поделени очекувања околу можноста идната година да се организира попис во нашата земја, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

На прашањето Дали верувате дека следната година ќе има попис 37,2 проценти од испитаниците рекле „да“, додека 35,4 рекле „не“. Останатите 27,4 проценти одговориле со „не знам“.

Над половина од граѓаните на пописот гледаат како на политичка операција додека само една четвртина сметаат дека тоа е статистичко пребројување на народот. 56,2 проценти сметаат дека пописот е политичка, а 24,9 отсто статистичка операција.

Прашани дали графата националност треба да стои во пописот, 74,8 рекле „да“, наспроти 14,1 процент „не“.

 

На прашањето за што е најважен пописот – 38,3 проценти од анкетираните сметаат дека пописот е важен за да се пребројат граѓаните, 33,9 отсто сметаат дека оваа операција е важна за да се планира идниот развој на државата, додека 18,6 проценти на него гледаат како алатка за пребројување на етничките заедници.

Прашани дали сметате дека резултатите од пописот треба или не треба да влијаат врз правата на етничките заедници 31,2 рекле „да“, наспроти 49,7 проценти „не“.

На прашањето кој е одговорен што немаме попис на населението уште од 2002 година најголемиот дел или 42,5 проценти од анкетираните граѓани одговорноста ја лоцираат кај сите политички партии. Постоа 16,1 процент за тоа го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ, 9,3 отсто ДУИ, 8,5 проценти Државниот завод за статистика и 2,9 проценти СДСМ.

Прашани дали сметаат дека пописот во 2002 година беше точен, мнозинството или 51,2 проценти рекле „не“, додека 35,3 проценти „не знам“, а само 13,5 процнети „да“.

Истражувањето е спроведено преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1.104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус три проценти.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk