ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Состојбата со корона вирус во светот до 19 часот

April 19, 2020 17:56
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени вкупно 2.372.991 лицa. Од нив починати се 163.636, а оздравеле 611.747 луѓе.

– Бројот на умрени во болниците во Велика Британија надмина 16.000 лица, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа умреле 596 лица, што е најмало зголемување на дневна основа по речиси две недели, соопштимја здравствените служби. Регистрирани се речиси 6.000 нови случаи на заразени, со што вкупниот број на инфектирани достигна 120.000 лица.

– Унгарија на 3 мај ја очекува кулминацијата на епидемијата на корона вирусот, а земјата дотогаш ќе има доволно респиратори, изјави денеска премиерот Виктор Орбан во видео на својот профил на Фејсбук. Орбан за време на посетата на  една болница кажа дека Унгарија наскоро ќе има 5.000 респиратори, а дека сега  има нешто над 2.000. Во Унгарија досега од Ковид -19 се заболени околу 2.000 лица, а умреа речиси 200.

– Бројот на умрени од Ковид-19 во Холандија во последните 24 часа се зголеми за 83, што е најниско дневно зголемување од 26 март, јавија британските медиуми. Во оваа земја 3.684 луѓе досега умреа од инфекцијата на корона вирус. Холандија досега има регистрирано 32.655 случаи на инфекција, при што во последните 24 часа потврдени се повеќе од 1.066 лица.

– Либанскиот министер за внатрешни работи  денеска соопшти дека од понеделник ќе стапи во сила одлуката за скратување на полицискиот час за еден час, пренесоа американските медиуми. Оваа одлука се воведува пред почетокот на светиот месецот Рамазан, за време на кој муслиманите, кои се мнозинство од населението во Либан, постат од изгрејсонце до зајдисонце.

– Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 39 нови случаи на корона вирус, со што бројот на заболени се зголеми на 1.871. Од вчера се умрени осум пациенти, од кои сите имале тешки хронични состојби, а од почетокот на епидемијата се умрени вкупно 47 лица, пренесуваат хрватските медиуми.

– До денеска во Швајцарија од Ковид-19 се умрени вкупно 1.135 лица. Британските навеудвата дека позоитивно на корона вирус сега се 27.740.

– Во БиХ денеска се хоспитализирани нови 73 лица заради инфекција со корона вирус, при што најмладо е едно бебе од Завидовиќ. Бебето е родено годинава, нема симптоми и во моментов е во добра здравствена состојба, изјави консултантот за односи со јавност на федералното Министерство за здравство Златан Перси. Во изминатите 24 часа во ФБиХ, 603 лица биле тестирани за вирус, а седум биле потврдени за инфекција.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Пенс: Во САД, за Ковид-19 се тестираат по околу 150.000 лица дневно

НАЈНОВО

Фото: БТА

„Златна треска“ во бугарскиот град Царево – по поплавите исчезна сеф со милиони и злато

October 5, 2025

Силно невреме низ Европа: Прекини на струја, откажани летови и блокади на патишта

October 5, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Лавина однесе тројца хрватски планинари во Јулиските Алпи во Словенија

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk