Славната двојка Мила Кунис и Ештон Кучер лансираат „карантинско“ вино за продажба, а средствата се наменети за борба против корона вирусот.
Сите парите од продажбата од виното одат кај проверени хуманитарни организации кои работат на обезбедување на потребната заштитна опрема и медицинска помош каде што е потребно.
На етикетата на виното со мали букви пишува „здравица за“, па секој може на оригинален начин некому да посвети здравица или да напише некаква порака.