ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Грчки медиуми за неможноста лидерите на ЕУ да донесат одлука за Северна Македонија и Албанија

Грчките медиуми акцентот во текстовите за Самитот на ЕУ и недонесената конкретна одлука за проширувањето, го ставаат на непроменетиот став на Франција во однос на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија,

October 18, 2019 13:19
in МЕДИУМИ, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грчките медиуми акцентот во текстовите за Самитот на ЕУ и недонесената конкретна одлука за проширувањето, го ставаат на непроменетиот став на Франција во однос на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, jави дописничката на МИА од Атина.

Грчката државна телевизија ЕРТ во пладневното издание на вестите објави дека за проширувањето на Европската Унија и европската перспектива на Северна Македонија и Албанија утрово одново се дискутира на вториот ден од Самитот на ЕУ.

– Никаков текст за ова прашање не беше усвоен, бидејќи не постои договор за да почнат пристапните преговори, рекол францускиот дипломатски извор за АНА-МПА.

„Самит на ЕУ: Три земји го блокираа почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“; „Француско вето за интеграција на Северна Македонија и Албанија во ЕУ“; „Блокада од Франција за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“; „Стоп од Макрон за Скопје и Тирана во ЕУ“; „Мицотакис и Ципрас поддржуваат интеграција на Северна Македонија и Албанија во ЕУ“; „ЕУ без договор за преговори со Северна Македонија и Албанија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на медиумите во Грција.

– Владини извори објаснуваат дека синоќешната разврска не значи дека прашањето е одложено. Од една страна прашањето може денес повторно да биде ставено на дискусија за време на вториот ден од Самитот на ЕУ, а од друга страна, предвидено е лидерите на ЕУ конечно да дадат зелено светло на еден од следните самити, ако денес нема некаква разврска, пишува „Нафтемборики“.

– И покрај многучасовниот состанок на првиот ден од Самитот во Брисел, не излезе бел чад за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, пишува информативниот портал „Њузит“.

– Франција, поддржана од уште две земји, ги блокираа пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија, ширејќи разочараност и во двете балкански земји, пишува „ Ефимерида тон синдактон“

-„Vive la France“ ќе извикаат оние кои се скептично за интеграцијата на Албанија и Скопје во Европската Унија, бидејќи по маратонската дискусија на 28-те европски лидери што заврши кусо пред 3 часот, ја официјализираа неможноста за постигнувањето договор, пишува „Прото тема“

Next Post

РСБСП: Родителите да ги информираат децата за основните правила и прописи во сообраќајот

Најново

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk