Со настанувањето на коронакризата кај нас и во светот, една од најпогодените гранки е туризмот. Откажаните авионски летови и презакажаните аранжмани направија голема штета во туризмот годинава.
Многу земји апелираат граѓаните престојното лето да го поминат во домашните туристички места, најпрво да се избегне меѓународно патување, а со тоа и можност за ширење на заразата, но и како еден вид економска инјекција за туризмот во секоја земја.
По еден од текстовите на Фронтлајн за промоција на домашниот туризам, поточно за охридската ривиера, се чини дека конечно излегоа на површина сите оние ставови за нивото на услужливост и професионалност на туристичките работници во Охрид.
На социјалната мрежа твитер, за насловот „Домашните гости можат да ја спасат сезоната и туристичкиот сектор во целина“, се надоврзаа неколку коментари кои само ги потенцираат предрасудите кои генерално важеа со години кога е во прашање нивото и професионалноста на охридските туристички работници.
А. Н. С.