ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дескоска: Уредбите може да имаат правно дејство и по завршувањето на вонредната состојба

Уредбите со законска сила се акти кои, како што посочува министерката, се на исто рамниште со законите и самото име кажува дека се со еднаква правна сила, а основно правно начело е дека еден акт можеш да го измениш, дополниш, суспендираш со акт којшто има иста правна сила.

May 6, 2020 15:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Слушам дека во изминатиов период се отвораат повеќе прашања околу уредбите со законска сила, што може да регулираат, до кога важат и слично. Кога се разгледуваат овие прашања, мора да се има предвид дека вонредната состојба е прогласена заради полесно справување со епидемијата, но и со последиците кои произлегуваат од неа, а тие последици се економски, социјални, образовни и слично, вели во изјава за МИА министерката за правда Рената Дескоска.

Уредбите со законска сила се акти кои, како што посочува министерката, се на исто рамниште со законите и самото име кажува дека се со еднаква правна сила, а основно правно начело е дека еден акт можеш да го измениш, дополниш, суспендираш со акт којшто има иста правна сила.

-Оттаму, на сите им е јасно дека во ситуација кога нема активно Собрание, Владата, согласно членот 126 од Уставот, ја презема нормативната функција преку уредбите со законска сила, со кои ги нормира новонастанатите околности, со цел да се даде ефикасен одговор на настанатите проблеми, истакнува Дескоска.

По прашањето околу важењето на уредбите со законска сила, како што посочува министерката за правда, се има произнесено и Венецијанската комисија којашто прифаќа дека одредени мерки кои се донесени за време на вонредната состојба можат да имаат правно дејство и по нејзиното завршување.

Во контекст на тоа, Дескоска посочи дека вчера Владата донесе неколку уредби со законска сила во областа на образованието коишто овозможуваат упис на факултет на средношколците кои оваа година ќе завршат четврта година средно образование – без да полагаат матурски испит.

-Сите очекуваме и се надеваме дека вонредната состобја нема да трае до септември кога се уписите на универзитетите. Навистина би било апсурдно некој да помисли дека оваа уредба нема да предизвикува правно дејство во септември и дека цела една генерација средношколци ќе останат без можност да го продолжат своето образование на некој од факултетите. Истото се однесува и на економските мерки кои треба да се справат со економските и социјални последици од корона-кризата, преку кои се обезбедува економска сигурност на граѓаните коишто се најмногу погодени од економските последици на кризата, истакнува министерката Дескоска.

Од тие причини, како што вели, дури и ако погледнете компаративно во другите системи постојат и изречни уставни одредбри, коишто бараат уредбите со законска сила да бидат упатени во Собранието на нивна потврда во моментот во кој тоа ќе може да се состане, што јасно укажува дека тие може да важат и по завршување на вонредна или воена состојба.

-Уредбите коишто Владата ги донесе досега ги почитуваат препораките на Венецијанската комисија да не содржат системски и трајни решенија, но некои од уредбите содржат одредени индивидуални, привремени мерки коишто ќе имаат ефект и во одреден разумен период и по престанокот на вонредната состојба, вели во изјава за МИА Дескоска.

За траењето на уредбите со законска сила, министерката за правда потенцира дека и нашиот Уставен суд со отфрлање на една од иницијативите коишто беа покренати за уредбите, веќе прифати дека одредени мерки може да важат по престанок на вонредната состојба, а таква уредба беше Уредбата со законска сила за Законот за работните односи.

Next Post

Европските социјалисти и демократи ја поддржуваат европската перспектива на Западен Балкан

Shortcut

Најново

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk