ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Eвропските земји ги олабавуваат рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19

May 10, 2020 19:23
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сè повеќе европски држави ги олабавуваат мерките за ограничено движење и други рестрикции, воведени со цел запирање на ширењето на пандемијата на Ковид-19.

Франција – По два месеци, утре почнуваат со работа фризерските салони, продавниците со конфекција, цвеќарниците и книжарниците. баровите, рестораните, кината и театрите остануваат затворени. Основните училишта ќе примат само мал број деца. Заштитните маски ќе мора да се носат, посебно во јавниот транспорт. Во продавниците и на работните места задолжително е почитување на мерката за физичко растојание.

Белгија – Повеќето продавници отвораат утре, со услов да се почитува физичката дистанца. Се препорачува носење маска. Угостителските објекти остануваат затворени. Во центарот на Брисел се ограничува дозволената брзина на возилата на 20 км на час, а предност ќе имаат пешаците и велосипедистите. Училиштата ќе се отворат после 18 мај.

Холандија – Дел од основните училишта и градинките ќе бидат отворени утре, а со работа продолжуваат и автошколите, фризерски салони, спортски сали и библиотеки, со правилото за физичко дистанцирање.

Швајцарија – Училиштата и факултетите  што се затворени во Швајцарија од средината на март повторно се отвораат утре, но во класовите ќе има помал број ученици. Се отвораат и ресторани, музеи и книжарници, секако, во согласност со пропишаните мерки. Собирите со повеќе од пет лица се уште се забранети.

Шпанија -Почнува нова фаза на олабавување на мерките, која треба да трае до крајот на јуни, при што половина од 47 милиони жители ќе можат да организираат семејни и пријателски собири од понеделник, со присуство на најмногу десет лица. Терасите, баровите и рестораните ќе работат со намален капацитет.

Овие одредби не важат за Мадрид и Барселона, кои нсе најмногу погодени од епидемијата, од која починаа повеќе од 26.000 луѓе во целата земја. Сепак, фудбалскиот клуб Барселона продолжи со тренинзите во петокот, а неговиот спортски ривал Реал Мадрид првиот ќе го одржи утре. Дозволени се патувања смао во рамки на провинциите. Кината и театрите остануваат затворени. Враќањето во училиштата е најавено за септември.

Италија – Иако училиштата остануваат затворени до септември, фабриките, градилиштата и канцелариите почнаа со работа на 4 мај. Правилата за физичко дистанцирање остануваат во сила, а во јавниот транспорт е задолжително носење заштитна маска. Продавниците за малопродажба ќе бидат отворени на 18 мај, како и музеите, културните установи, црквите и книжарниците. баровите и рестораните, кои досега продаваа јадења само „за носење“, се отвораат за гости на 1 јуни, како и козметичките и фризерските салони.

Германија – Во германските ресторани засега може да се јаде единствено во покраината Мекленбург, додека во другите сојузни покраини тоа ќе биде можно во следните денови. Маските и физичкото дистанцирање остануваат задолжителни. Продавниците помали од 800 квадратни метри отворија на 20 април. Отворени се и фризерските салони, црквите, музеите, меморијалните домови, зоолошките градинки и игралиштата за деца. Во дел од покраините училиштата почнаа со работа на 4 мај. Остануваат затворени културните установи и спортските терени. До 31 август се забранети поголеми собири.

Австрија – Тениските и голф терени се отворија во првиот викенд во мај. Укинати се ограничувањата за движење и дозволени се собири до десет лица, притоа почитувајќи ја физичката дистанца. Носењето маска е задолжително за јавниот превоз и во продавниците. Учениците од завршните класови се вратија во училиште на 4 мај, по што другите постепено ќе се вратат. Рестораните треба да се отворат на 15 мај.

Полска – Хотелите продолжуваат со работа утре, но странските туристи по влезот во земјата мора да минат 14 дена во карантин. Иако можат да работат од 6 мај, повеќето градинки се уште се зтаворени.

Данска – На 15 април се вратија учениците во школските клупи, а од утре се отвораат и трговските центри. факултетите, баровите, рестораните и црквите ќе бидат отворени на 18 мај, со задолжителните заштитни мерки.

Норвешка – Откако на 27 април училиштата ги отворија вратите за децата на возраст од 6 до 10 години, од утре се враќаат сите ученици, со почитување на хигиенски мерки и дистанца. Истото важи и за авто-школите. Баровите и забавните паркови ќе работат од 1 јуни.

Исланд – На 4 мај беа отворени универзитетите, музеите и фризерските салони.

Финска – На 14 мај продолжува редовната настава во училиштата, две седмици пред почетокот на летниот распуст.

Хрватска – Од утре се отвораат кафулињата и рестораните и отсега се дозволува собирање до 10 луѓе. Детските градинки и училишта ќе работат на доброволна основа.

Србија – Утре се отвораат градинките. Трговските центри отворија на 8 мај, а баровите и рестораните на 4 мај.

Грција – По книжарниците и фризерските салони кои работат од 4 мај, од утре се отвораат сите продавници. Трговските центри ќе бидат затворени до 1 јуни. Акропол и историските знаменитости се отвораат за посетители на 18 мај, а музеите на 15 јуни.

Next Post

Лазар Ѓуров: Пусто образование

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk