ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Електронски рецепти за хронични болни, намалени мерки не значат опуштање на заштитата, вечерва една поинаква Евровизија…

Блок вести во 09,00 часот.

May 16, 2020 09:05
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

МАНЧЕВСКИ: Од први овој месец имаме функционален електронски рецепт за сите хронични болни во државата. Ова веќе функционира, не е „ќе“, ова функционира.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Пендаровски смета дека на наредната лидерска средба што треба да се одржи на почетокот на идната недела шансите за договор за датум за одржување парламентарни избори се 50:50. Целта е да се постигне консензус, а тој е само медијатор во процесот. Позициите на политичките лидери во однос на датумот за избори, според шефот на државата, се многу различни.

НА заедничка иницијатива на Грција и Северна Македонија, ќе се одржи нова видеоконференција со колегите од балканските и соседните европски земји за подобра координација за најбрзо можно враќање во општествено-економска нормалност, се разбира со помош од ЕУ, по периодот на строги рестриктивни мерки поради пандемијата.

ШЕФИЦАТА на канцеларијата на СЗО во Скопје, Џихан Тавила за МИА: Нешто што може да биде многу полошо е доколу дојде до нагло зголемување на бројот на случаи со Ковид-19, само неколку дена по олабавувањето на мерките. Ако дојде до повторно затворање, би било покатастрофално за економијата и за заедницата отколку влијанието на првите рестриктивни мерки.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Зоран Заев, на видео конференција со претставници на Лидерство за Целите за одржлив развој, разговарал за целите за одржлив развој до 2030 година, политиките на државата во интерес на остварување на зацртаните цели и македонскиот модел како пример за развој на јавни политики.

ПОСТ на Кристина Костова: Коронавирусот е катастрофа, ама барем ја разоткрива тоталната непотребност од свадбената индустрија, создадена од еден куп услугодаватели кои и за редок воздух наплаќаат чудо пари, само затоа што им се може.

ЕВРОВИЗИЈА 2020 беше откажана заради корона пандемијата, па организаторите, заедно со овогодинешниот домаќин Холандија, најдоа решение како да ја одбележат традицијата на фестивалот чие издание беше откажано прв пат во 65 години.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Биле доделени првите Оскари во Холивуд во 1929, родена е српската писателка Десанка Максимовиќ, Јапонката Јунко Табеи станала првата жена која се искачила на највисокиот светски врв Монт Еверест во 1975.

ВРЕМЕТО ќе биде умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната температура од 26 до 34 степени.

 

А. Н. Стојчевски

Next Post

СДСМ: Милијарда евра помош за економијата преку трите сета мерки

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk