ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Светски ден за подигнување на свесноста за пелтечењето

Околу 70 милиони лица во светот пелтечат. Едукацијата и свеста за оваа нарушување е мала, па лицата кои пелтечат се среќаваат со голем број бариери, предрасуди и неразбирања.

October 22, 2019 09:46
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Лицата кои пелтечат не треба да се омаловажуваат, затоа што за нив овој проблем не претставува само нарушување на течноста на говорот, туку и бројни негативни емоции поврзани за говорните ситуации. Нивниот говор можеме да им го олесниме така што нема да го избегнуваме контактот со очите, да не поставуваме премногу прашања, да покажеме интерес и да им дадеме доволно време за одговор, односно да не ги прекинуваме и да не ги брзаме, истакнува директорката на Заводот за рехаблитација на слух, говор и глас, логопедот Силвана Филипова, по повод 22 октомври, Светски ден за подигнување на свесноста за пелтечењето, пренесе МИА.

Пелтечењето е најстарото и најпознатото говорно-јазично нарушување, кое претставува дисфункција во ритамот и темпото на говорот, односно е нарушување на флуентноста на говорот, при што лицето знае што сака да каже, но тоа е отежнато поради честите прекини, повторувања или продолжувања на гласовите, слоговите или зборовите. Околу 70 милиони лица во светот пелтечат. Едукацијата и свеста за оваа нарушување е мала, па лицата кои пелтечат се среќаваат со голем број бариери, предрасуди и неразбирања.

Најчесто се јавува во периодот од две до пет години кога има интензивен говорно-јазичен развој, кога детето интензивно усвојува нови зборови и кога јазично ја организира мислата и не може да ја вообличи навреме, затоа што говорниот апарат на таа возраст сè уште не е доволно зрел. Улогата на семејството е од огромно значење за лицата кои пелтечат, затоа што ако дојде до неприфаќање и неразбирање од страна на семејството, ова говорно-јазично нарушување може да се влоши и продлабочи.

– Пораката што сакаме да ја испратиме по повод овој ден е „обидете се да ги разберете лицата кои пелтечат. Замислете си што би ви било потребно кога би го имале тој проблем и потоа обидете се да го дадете тоа што мислите дека е потребно. Во однос на третманот на ова нарушување во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас годишно на логопедски преглед доаѓаат околу 2.300 – 2.800 лица, закажани преку матичен лекар, вели доктор Филипова.

Специјалистот за дисфлуентни нарушувања на говорот од Заводот за рехаблитација на слух, говор и глас Нермин Теловска посочува дека, за жал, голем е бројот на лицата кај кои е констатирано постоење на пелтечењето, кое претставува нарушена вербална комуникација.

– Видот на третманот зависи од возраста на лицето со пелтечење, времето поминато од почеток до јавување на логопедски преглед, формата и тежината на пелтечењето. Постојат повеќе методи и техники на третман, кои успешно се применуваат во нашиот завод, такви се модификацијата на пелтечењето, когнитивно-бихејвиоралната терапија, апарати со аудитивна дилеј-програма, техники за релаксација, вежби за развој на мозокот, сензорна интеграција, вибро-акустична терапија, логопедска масажа и други. Нашата цел е кај децата и младите да се подобри состојбата и да се спречат компликациите на когнитивно и емоционално ниво, а возрасните да ги охрабриме и да им ја вратиме самодовербата, бидејќи лицата со пелтечење можат да бидат успешни во сите сфери од животот и во кариерата, исто толку, па и повеќе од тие што немаат пелтечење, но тоа бара соодветна стручна помош, како и поддршка од страна на семејството, училиштето, факултетот и работната средина, вели Теловска.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свесноста за пелтечењето од Заводот денеска напладне ќе постават штанд во просториите на ТЦ „Рамстор” во центарот на градот, на кој граѓаните ќе добијат леток со основните информации за децата со пелтечење и за доаѓањето на логопедски преглед.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Скриншот

Трамп именува водителка на Фокс Њуз за привремена главна обвинителка на Вашингтон

May 9, 2025

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk