Денеска владина одлука за времетраење на полицискиот час. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на вчерашното гостувањето на ТВ 24, спроти одлуката на Владата каков полициски час ќе има викендов, потенцира дека олабавувањето на мерките е правопропорционално со почитување на препораките.
Македонскиот полициски синдикат: 15.000 денари награда е омаловажување за полицијата, треба најмалку 25.000.
Продолжува скинингот во градинките, досега двајца позитивни на Ковид-19. До вчера, според објавената статистика на Министерството за здравство, направени се 1340 тестови во градинките, а само во изминатото деноноќие 209.
Костадинов: Трите сета економски мерки вредат половина од она што ДПМНЕ го потроши за „Скопје 2014“. Меѓународни релевантни институции оценуваат дека Република Северна Македонија најдобро ќе се справи со економските последици од здравствената криза. Мерките што ги предлага Владата предводена од СДСМ се во функција на граѓаните и директна помош за стопанството за да се преброди овој период, но и за да се реактивира економијата, изјави пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов во емисијата „Само вистина” на телевизија Канал 5.
Презентација на студија за ефектите од КОВИД-19 врз туристичко угостителскиот сектор.
Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе бидат презентирани клучните наоди од „Студијата за ефектите предизвикани од КОВИД-19 врз туристичко угостителскиот сектор, со препораки за справување со економските ефекти“.
Здравствено „велепредавство“? Филипче вели дека дополнителната министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ со недели го кочи реализирањето на проектот од 90 милиони евра од Светската Банка наменети за справување со епидемијата… Министерот Чулев, најблаго речено, тешко се справува со спроведувањето на мерките усвоени од Владата за спречување на ширењето на заразата, кога и самиот не организира славенички собири спротивни на здравствените препораки… ВМРО тврди дека ситуацијата со епидемијата е „излезена од контрола“, а жестоко се противи на продолжени карантински мерки за викендот кои треба да го спречат ширењето на заразата во нови викендашки кластери… прочитајте ја најновата колумна на Сашо Орданоски.
Две белешки за верско-политичкиот блуд. Ќе ја искористат ли националистите (од двете страни) корона кризата и рамазанскиот карантин да предизвикаат етно-верски тензии за да го поправат својот предизборен рејтинг?, пишува Џабир Дерала во најновата колумна.
Пребројување на пеликаните од Преспанско Езеро по повод Меѓународниот ден на биолошката разновидност.
Од МЕД информираат дека целта на одбележувањето е доближување на природните убавини на земјата. Посочуваат дека во текот на денот на социјалните мрежи ќе споделуваат слики и видеа од теренската активност за пребројување на пеликаните во Преспа.
Сончево со температура до 24 степени.
Анкета: Бајден во предност во однос на Трамп.
Според анкетата објавена синоќа, Бајден, кој е се поизвесниот претседетателски кандидат од Демократската партија, е поддржан од 50 проценти од гласачите, додека за републиканецот Трамп би гласале 39 проценти на претседателските избори во ноември.