ТРИ месеци од почетокот на кризата со коронавирусот во Европа, епидемиолошките податоци покажуваат дека помалку богатите земји во Европа ги „победија“ побогатите на Стариот континент, односно тие имаат помалку жртви од економски посилнните европски земји, пишува италијанскиот Кориере дела Сера.
ЊУЈОРК Тајмс објави имиња на илјада луѓе кои починаа од коронавирусот на насловната страница, со цел да се укаже дека бројот на луѓе кои починале од Ковид-19 во САД е близу 100.000.
ЗОРАН Заев е спремен да гази по човечки трупови. Заев си дозволува да го загрозува здравјето на граѓаните – вели на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпаролот на ДПМНЕ. Стоилковски вели дека згрозувачки беа фотографиите како партиски активисти делат наводна помош без заштита. Она што се гледа од фотографиите е сосема спротивна приказна

ВИЗИОНЕРСКАТА мисија и делото на Светите браќа Кирил и Методиј ја обврзува и нашата генерација на визионерство, истакна премиерот Спасовски во честитката за Денот на просветителите Кирил и Методиј.
ДОЗВОЛЕТЕ ми да ви го честитам 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Ден посветен на словенските апостоли, заштитниците на Европа, кои ни оставија азбука, книги, но и животопис исполнет со давање и трпение, со скромност, благородност и непресушна верба, вели претседателот Пендаровски во честитката.
СО своето големо дело Светите браќа им го отворија патот на словенските народи, кон описменување, го поставија темелот на писменоста со што дадоа голем цивилизациски придонес, истакнува лидерот на СДСМ Зоран Заев во честитката по повод Денот на словенските просветители.
ХРВАТСКИТЕ граници се отворени за туристи. До крајот на мај патувањето ќе биде олеснето за туристите од Словенија, Австрија, Унгарија, Чешка и Словачка, а во текот на јуни за Германија, Полска и други земји. По влегувањето, туристите мора да имаат потврда за резервација за сместување, а на границата ќе добијат упатства за безбеден престој во земјата.
БАЈРАНСКА молитва во Косово ќе нема, Турција и Саудиска Арабија во „Бајрамски карантин”.
ПРОФЕСОРОТ Људмил Спасов вели дека е голема честа што сме на некој начин наследници на Св. Кирил и Методиј и според него треба оваа нивна традиција и натаму да ја негуваме.
Ј. Ѓ.