Обвинетата Катица Јанева е уште во филмот на Чарлиевите ангели, кои ние ги издигнавме највисоко на пиедесталот. Ние се разочаравме од нашите Чарлиеви ангели, зашто клучната фигура Јанева помина на страната на злото. Вака обвинителката Вилма Рускоска го почна излагањето во завршните зборови на судскиот процес за случајот „Рекет”, пренeсе ВОА.
„Кога Камчев дојде во обвинителството да пријави и кажа што се случувало, мислев дека се наоѓам во лош сон. Износите на пари што се барани, повеќето од нас не можеме да ги замислиме ни на сон, а не на јаве“, рече Рускоска.
Таа смета дека во текот на постапката недвосмислено се докажала вината на Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева а одбраната се обидува да одбрани нешто што е неодбранливо.
Осврнувајќи се на дадената одбрана, таа кажа дека Јовановски е „балканска ѕвездичка“ и дека скапата брендирана облека не се подарува на личности од негиовт калибар и дека тие сами си ја купуваат, доколку имаат пари за тоа.
Околу Јанева, Рускоска нагласи дека не е спорно што дала позитивно мислење да му се даде времен пасош на Камчев, туку причината поради која го сторила тоа – „алчноста за пари“.