Реновирана и раззеленета Baby Zoo. Деновите во карантин ги искористивме за разубавување на мини зоолошката, пишува на фејсбук страницата на скопската зоолошка градина.
Посадивме многу дрвца и цвеќиња, а животните добија нови збогатени живеалишта.
Навремено ќе ве информираме за датумот кога Baby Zoo ќе биде отворена за посетители.











