ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Нова донација од Австрија како поддршка во борбата против Ковид-19

June 8, 2020 15:46
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Австрија втор пат во рок од еден месец обезбеди донација за нашата земја, како поддршка во борбата против КОВИД-19. Помошта која што се состои од 500-тини пакети со средства за одржување лична хигиена за едно петчлено семејство, е обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија (УЦПМ) и Координативниот центар за реакција при елементарни непогоди на НАТО (ЕАДРЦЦ).

Како што соопшти МНР, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска во касарната “Гоце Делчев” во Скопје ја прими донацијата во присуство на амбасадорот на Австрија во земјава Георг Вуцас и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ.

Амбасадорот Вуцас најави дека ќе следи дополнителна помош од страна на Австрија, а во фокусот на австриската “КОВИД-19-помош” ќе бидат земјите од Западен Балкан. Воедно, тој потсети и на австриската понуда за прием на пациенти од Северна Македонија во австриските болници, за кои е неопходен итен болнички прием и интензивна нега.

Жерновски, упати благодарност до амбасадорот Вуцас, до Владата на Австрија и до австриските граѓани за нивната несебичност и солидарност во време на криза, со што, рече, само се потврдува поддршката која Република Австрија во континуитет ѝ ја пружа на Република Северна Македонија.

– Вирусот не препознава граници и само заедно можеме да го совладаме. Австриската помош пристигна во вистинско време и за вистинска намена, имајќи предвид дека во периодот што следи ќе имаме потреба од вакви средства во големи количини, додаде Жерновски, при што потенцираше дека денешната помош од Австрија не претставува случајност, туку континуитет на добрите меѓусебни односи, бидејќи Австрија и претходно обзезбеди помош за земјава која се состоеше од шатори, ќебиња, генератори за електрична енергија, душеци и постелнина за еднократна употреба.

Република Северна Македонија како членка на НАТО го активираше механизмот за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атлантскиот центар за координиран одговор во случаи на катастрофи и во таа насока во неколку наврати доби неопходна асистенција од страна на своите сојузници преку овие механизми. Жерновски имајќи го предвид токму овој факт,  потенцираше дека “сојузниците секогаш заеднички одговораат на предизвиците, а членството во НАТО ни овозможи поголема сигурност и стабилност, како и можност полесно да се справиме со овој здравствен, но истовремено и економски предизвик“, стои во соопштението од МНР.

Next Post

Солскјер: Манчестер јунајтед има сили за ЛШ

НАЈНОВО

Фото: МИА

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025
Фото: МИА

Саем на домашни земјоделски производи во Градскиот парк во Скопје

November 8, 2025

(ВИДЕО) Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk