Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес оствари средба со шефицата на Специјалната изборна оценска мисија на ОДИХР за набљудување на изборите. Димитров се заблагодарил на брзото распоредување на набљудувачите.
Денес имав средба со Лаима Андрикиене, Шеф на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентари избори. Се заблагодарив за брзото распоредување на набљудувачката мисија во услови на пандемијата.
Таа истакна уверување дека и со ваквиот формат на Мисијата, наметнат од пандемијата, тие нивната работа ќе ја завршат квалитетно и ефикасно во функција на успешна мисија за кредибилно набљудување на изборниот процес, напиша Димитров во пост на Фејсбук.