ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мета: Тачи и Весели ќе ја докажат својата невиност

Кабинетот на претседателот на Косово Хашим Тачи, по објавувањето на веста дека Специјалниот суд за Косово покрена обвининие против него за воени злосторства, потврди дека тој го откажа учеството на средбата со српските челници, што треба да се одржи в сабота, на 27 јуни, во Белата куќа во Вашингтон, јави дописникот на МИА од Приштина.

June 24, 2020 20:50
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Албанија, Илир Мета денеска изјави дека претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели ќе докажат дека се невини.

– Веруваме во невиноста на претседателот Хашим Тачи и поранешниот претседател на Парламентот, Кадри Весели и сите нивни другари по оружје, напиша Мета на Фејсбук.

Тој додаде дека и претходно биле подигнати обвиненија против поранешните лидери на ОВК, но тие ја докажале нивната невиност и оти тој верува дека и сега тоа ќе се случи.

Специјалното обвинителство за Косово, со седиште во Хаг денеска подигна обвинение против Тачи, Весели и други лица, кои се товарат за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително убиства, прогони и тортура.

Кабинетот на претседателот на Косово Хашим Тачи, по објавувањето на веста дека Специјалниот суд за Косово покрена обвининие против него за воени злосторства, потврди дека тој го откажа учеството на средбата со српските челници, што треба да се одржи в сабота, на 27 јуни, во Белата куќа во Вашингтон, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со кратко соопштение до медиумите, од кабинетот на Тачи наведуваат дека тој го прекинал патувањето за САД и дека се враќа во земјата.

Информацијата дека Тачи го прекинал патувањето за Вашингтон, каде што заедно со премиерот на Косово Авдулах Хоти требаше да учествува на средба во Белата куќа со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, во изјава за медиумите ја потврди и неговиот советник Адиљ Бехрами.

Претходно и Ричард Гренел, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Приштина и Белград, преку својот Твитер објави дека „ја разбира одлуката на Тачи“, но дека средбата на челниците на Косово и Србија за продолжување на дијалогот, сепак, ќе се одржи и Косово на неа ќе го претставува премиерот Хоти.

– Претседателот на Косово штотуку не информира дека го одложи патувањето во Вашингтон, по објавата од Канцеларијата на специјалниот обвинител. Ја почитувам неговата одлука (…) ги чекаме саботните разговори кои ќе се водат од претседателот Вучиќ и премиерот Хоти, напиша Гренел на Твитер. 

Next Post

Преглед на вести во 21 часот: Прв ден кампања, запознавање со кандидатите, „Зибери не може да им помогне на ДУИ за 20 дена“

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk