ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: На 15 јули бираме обнова на патишта, а не обнова на режимот! (ВИДЕО)

Ние ја реконструираме инфраструктурата што цела деценија стоеше недопрена и оставена во заборавот на режимот, истакна Заев.

June 25, 2020 14:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

За три години видовме сите што значи да се гради по план. Патишта, инфраструктура и капитални објекти кои за луѓето живот значат, од едната страна и барок, стиропор и провизии од другата страна, истакува Заев.

Патишта изградени во времето на Тито беа заборавени десетици години да се распаѓаат пред очите на народот. Ние тоа го запревме!

Еве ме денес во Прилеп на патот до вештачкото езеро, област која е особено важна за прилепчани. Знам дека нема прилепчанец што не поминал десетици, стотици пати на овој пат.

И затоа сум особено горд, што нашата одговорна власт го реконструираше со нов асфалт патот до прилепското езеро. Ова е прв пат да се реконструира овој пат изграден уште од времето на Тито и бившата СФРЈ.

Ние ја реконструираме инфраструктурата што цела деценија стоеше недопрена и оставена во заборавот на режимот.

Дека градиме по план, за денес и за утре, говори и овој капитален проект позади мене. Изградивме модерен, функционален ИКТ Центар за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Ова е значаен капитален објект од важност за целата држава. Овој проект финансиран од нашите партнери од ЕУ е значаен за безбедноста, за зачувување на интересите на граѓаните и интересите на Република Северна Македонија, бидејќи и во случај на катастрофи, дигиталните податоци ќе може да се зачуваат тука и системот да функционира без проблеми.

Сериозни зафати се изведени и на самото вештачко езеро, каде со реконструкција на темелниот испуст на браната, кој не бил променет уште од 60тите години на минатиот век, се решава децениски проблем на земјоделците од овој регион. Сега, земјоделците во Прилеп и прилепско, имаат доволни количества на вода за наводнување за земјоделските површини.

Почитувани, овде, во Прилеп, но и низ целата држава, на дело ја гледаме посветеноста на СДСМ да ги решава децениските проблеми, да го унапредува квалитетот на живот на сите граѓани.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои нудат единствено обнова на режимот, ние носиме одлуки и решенија во интерес на граѓаните и државата.

Затоа, нема сомнеж дека на 15 јули граѓаните ќе одберат да продолжиме по правиот пат и нема да дозволат обнова на режимот. На 15 јули бираме обнова на патишта, а не обнова на режимот, истакна претседателот на СДСМ, Заев при посетата на Прилеп.

 

Next Post

Над 320.000 пензионери ќе ја добијат јунската пензија предвреме, исплатата ќе се одвива етапно

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk