ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Законот за ЈО мора да биде ослободен од политички интервенции

Политиката да не се меша што се гони и што не се гони. И политиката да не става подобни и неподобни јавни обвинители. Ако можеме тоа да се договориме тоа ќе ни помогне многу. Се дотогаш, опозицијата нема да биде реална политилчка алтернатива ако сакаме да одиме кон Европската Унија, рече шефот на дипломатијата

October 29, 2019 15:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на собраниската Комисија за европски прашања, на која се дебатираше за недобивањето датум за преговори за ЕУ, ја обвини опозицијата недонесувањето на законот за ЈО, пренесува МИА.

Димитров рече дека законот за ЈО, како последна незавршена работа која не беше присутна во задачите што ги добивме лани, за жал е двотретински и немаше политичка волја да се донесе.

– Таму мора да се почитуваат две црвени линии – да не се изгубат случаи и истраги од старото СЈО во новата структура на ЈО. И тоа се случи во реалноста со одлуки на главниот обвинител Јовески. И на некој начин реалноста стана подобра од можниот компромис за законот.  И второ континуитетот на обвинителите во СЈО кои работат на тие случаи – и тоа се случи. Проблемот е што можниот компромис барем во овој момент значи сериозна политичка интервенција во работата на јавното обвинителство. Проблем имаме со Вилма Русковска која е избрана од фелата од обвинителите се бара политичка интервенција да се разреши и да се постави некој кој ако нема консензус во Собранието ќе биде практично предлог на опозицијата, која што во преговарачкиот тим има луѓе кои се соочени со обвиненија, рече Димитров.

Рече дека е политичка дрскост што оваа Влада се обвинува за грешката на европскиот самит и срамно е што тоа, како што рече, доаѓа од луѓе кои никогаш подалеку не не однеле од оваа стратешка цел.

– Од нив сега доаѓа обвинувањето. Ќе ми биде срам да зборам за ЕУ и да ги изговорам буквите „Е“ „У“, тоа е политичка дрскост и бесрамност, особено со законот за СЈО, рече Димитров истакнувајќи дека сега треба да го положиме овој испит на зрелост.

Оцени дека  во наредните месеци треба да покажеме консензус со опозицијата, и да се донесе донесеме законот почитувајќи ги црвените линии.

– Политиката да не се меша што се гони и што не се гони. И политиката да не става подобни и неподобни јавни обвинители. Ако можеме тоа да се договориме тоа ќе ни помогне многу. Се дотогаш, опозицијата нема да биде реална политилчка алтернатива ако сакаме да одиме кон Европската Унија, рече шефот на дипломатијата.

Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата откако пратеникот Антонијо Милошоски ја оцени денешната седница на Комисијата како владина забава.

Тој повика на дебата за оваа тема утре во Комисијата за надворешни работи и го покани таму да дојде министерот за надворешни работи Димитров.

Милошоски ја покажа фотографијата од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, од лани, кога тие се пофалија дека земјава добила датум за почеток на преговори.

– Министрите кои ширеа лажни вести сега ќе треба тоа да го објаснат. Дали е постигната целта? Не е постигната. Османи и Димитров ќе зборуваат за одговорноста на странски политичари и за Брегзит и Кина, а не за нивната одговорот. Тие ќе понудат манипулативни објаснувања, ќе се откажат од ланските изјави, но не и од функциите. Ние нема да учествуваме во ваква пародија. Денеска нема да ја расипеме вашата провладина забава, за вистинска дискусија дојдете утре на Комисијата за надворешна политика, рече Милошоски.

Next Post

Заев изрази благодарност за топлото добредојде од Конте

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk