коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Не знам од каде да ја потфатам попрво оваа изјава, се вели во еден коментар на Фејсбук – дали се работи за некоја пореметена агресивна и крајно вулгарна вијуга кај носителкава од ДПМНЕ, или едноставно тоа е вазалниот капацитет на кутра Дафина, или пак, сака да не потсети на сексистичката нарав и каде тие всушност ја гледаат позицијата на „македонската жена“ во општеството, нели ова ДПМНЕ очигледно ја гледа во менување на пелени. Ма, Бог да чува.
Реакциите се за оваа изјава:
-Така силно ќе ве победиме што некоја од македонските жени ќе треба да ви смени пелените, онака од мајчински инстинкт, ваква порака им испрати Дафина Стојановска носителката на листата од ИЕ6 од ВМРО-ДПМНЕ на политичките противници од СДСМ, денеска од Јегуновце каде беше заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
И на социјалните мрежи не стивнуваат реакцииите на ваквиот недоличен заканувачки говор, посебно се обрнува внимание и зачудувачки е што таков насилен говор на омраза доаѓа од кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, жена, носител на листа во ИЕ6.
Просто за неверување е колку ниско е спуштено нивото во оваа кампања од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кандидати.
– Во некои партии, се знаат улогите. Тие од памтивек се јасно поделени на машки и женски. Уште поубаво е кога жена ќе нѐ потсети на нив. Секако, и на квази мачо-пискотниците што очигледно сѐ уште се слушаат од Унгарија до Македонија, регираат на реториката од Стојановска други на Фејсбук.
Денеска од Свети Николе, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во Третата изборна единица Игор Јанушев, соопшти дека 40 отсто од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени. Посебен акцент, како што рече, ќе ставиме на семејното насилство, односно искоренување на семејното насилство и донесување на жената на она место кое што навистина го заслужува во општеството.
Какво место за жените предвидува Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ после оваа изјава со пелените на Дафина?