Чаир е како приказ на нашата држава во маало, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерката Мила Царовска, по денешната посета на Чаир.
-Дел од вас знаат, а дел можеби првпат ќе слушнат дека јас долги години живеев во Чаир. Моето основно, средно и високо образование ги поминав во Чаир, со сите вас. Некои ми беа пријатели, некои соседи. Моето образование ми го даде формалниот аспект, начин на гледање на работите, но Чаир ме научи на посебни работи. Ме научи на посебни вредности кои до денеска ги носам во мене.
Колку повеќе различни сме во една населба, толку посилни сме. Колку повеќе различни сме во една држава, толку похрабри сме, толку повеќе можеме да одиме напред. Заради тоа што разликите на секој од нас се богатство за државата и општеството, изјави Царовска.