Пет милиони жители на вториот најголем град во Австралија, Мелбурн, денес влегуваат во шест неделен целосен карантин. Враќањето на строгите мерки се должи на рапидно зголемениот број на новозаразени со Ковид-19, откако беа попуштени пред само неколку недели.
Откако другите мерки не донесоа резултати, властите им наредија на жителите на градот да останат дома во наредните 6 недели.
Сепак, наплив на патници кон соседната држава Нов Јужен Велс бил забележан вчера, што буди загриженост дека напорите да се спречи ширењето на заразата може да не вродат со плод.
Според полицијата, во последните 36 часа, над 30.000 автомобили преминале на границите.
A. Н. С.