Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Шаќир Фетаху е позитивен на коронавирус. Фетаху на својот Фејсбук профил информираше дека е во добра здавствена состојба.
„Во моментов сè е нормално, без никакви симптоми. Се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум на домашно лекување“, напиша Фетаху.
Реисул Улема Фетаху апелира до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните и во истовреме го честита муслиманскиот празник Курбан Бајрам.