ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Топлотен бран, штетни ефекти, ризици, препораки за заштита

July 31, 2020 08:24
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Земјава денеска ќе биде во жолта и алертна фаза со температури што во одредени делови ќе достигнат 40 степени. Токму затоа, надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат сите мерки за заштита од високите температури: да престојуваат во затворени простории, да внесуваат повеќе течности, но и да носат светла и лесна облека.

Според препораките на Министерството за здравство, граѓаните треба да престојуваат повеќе во затворени простории, по можност климатизирани, а ако мора да излегуваат надвор да се одмораат почесто под сенка, да носат светла и лесна облека, како и заштитни очила и капа при директна изложеност на сонце. Важно е и да се користи крема со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а не масна храна, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење и да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

При влегување во возило, пак, потребно е тоа одреден период да се проветри.

На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Во однос на храната, од Министерството за здравство посочуваат дека поради високите температури постои зголемената можност за појава на труења и цревни заразни заболувања. Се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка и консумирање веднаш по подготовката.
-Комисијата за следење на ефектите од високите температури во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури, наведува Министерството за здравство.

Поради зголемените температури, Дирекцијата за заштита и спасување согласно законот за заштита и спасување и Законот за шумите алармира за зголемена опасност од пожари на отворен простор и апелира до граѓаните на одговорно однесување со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети.

-Поради зголемените температури во следните неколку денови и настапување на сушен период  зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор и ваквата состојба наложува мобилност на сите субјекти во заштитата од пожари- ЈП Национални шуми,  Единици на локална самоуправа, Територијални противпожарни единици и УХМР.  Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните на одговорно однесување со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети, стои во соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување.

Од Дирекцијата за заштита и спасување, воедно, посочуваат дека се подготвени во секое време да делуваат со своите материјално-технички и човечки ресурси.

Поради топлото време од Црвениот крст на Град Скопје најавија дека мобилни тимови ќе делат вода низ централното градско подрачје и поголемите автобуски постројки. Мобилните тимови ќе бидат на терен во периодот од 10 до 16 часот. Се планира дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри вода на дневна основа.

УХМР за денеска најави топло време со максимални температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава до 40 степени. Зголемена облачност се очекува утре кога ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Од недела следи стабилизирање на времето.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Денеска ќе се знаат новите цени на струјата и парното греење

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk