Министерот за образование и наука Арбер Адеми на својот фејсбук-профил објави дека е негативен на коронавирусот и дека од денеска им се враќа на работните активности. Како што беше најавувано во изминатиот период, на 10 август МОН треба да ги соопшти протоколите за реализирање на трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.
– Конечно заврши предизвикот со КОВИД-19. По две негативни последователни тестирања, од утре се враќам на активностите и многуте работи што се пред нас. Сакам да упатам порака до сите вас да бидете внимателни, да носите маски и да држите растојание. Благодарам од срце за изразената грижа, со вас ми беше многу полесно, напиша министерот на Фејсбук.