ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

August 10, 2020 20:59
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20.122,614 лица. Од нив починале 735.721, а оздравеле 12.969,895.

– Во Данска, е забележано ново зголемување на случаите на коронавирус во текот на минатата недела, со стапка на репродукција од 1,4 проценти, изјави министерот за здравство, Магнус Хеунике. – Вирусот повторно се движи низ нашето општество, изјави тој пред новинарите. Во Данска, случаи на Ковид-19 се регистрирани минатата недела во 67 од 98 општини.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 78 новозаразени лица и четири смртни случаи, соопшти Институтот за јавно здравје. Беа анализирани 395 примероци за новиот коронавирус. Во Црна Гора се регистрирани вкупно 59 смртни случаи од почетокот на јуни, а 68 од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 1.107.

– Во Велика Британија денеска се потврдени уште 816 случаи на Ковид-19, што претставува намалување во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 1.062 случаи на инфекција, што е најголемото дневно зголемување на бројот на новозаразени од крајот на јуни. Досега се потврдени 311.641 случаи на Ковид-19 во Велика Британија. Во текот на последното деноноќие од Ковид-19 починале уште осум лица, а од почетокот на пандемијата смртниот биланс во оваа земја изнесува 46.574 лица.

– Во Албанија продолжува високата бројка на новозаразени во едно деноноќие, појава присутна повеќе од еден месец, кога во просек дневно се потврдуваат по повеќе од 100 нови случаи. -Во изминатите 24 часа од направените 506 тестови позитивен резултат е добиен кај 125 од нив. Тирана и понатаму останува главно жариште на болеста од каде се 68 од новозаразените. Во исто време излекувани се 37 пациенти, додека битката со опасниот вирус ја загуби пациентка од Валона на 55- годишна возраст, изјави Ровена Даја од Институтот за јавно здравје.

Според неа, од почетокот на пандемијата, во првите денови од месец март, до сега, направени се 46.448 тестови, болеста е дијагностицирана кај 6.536, во списокот на излекувани се впишани 3.379, додека починале 200 лица, речиси половина од нив или 97 се жители на Тирана. Активни на болеста се 2.957, од кои поголемиот дел се лекуваат амбулантски или во домашни услови, додека 122 се хоспитализирани во двете Ковид болници, при што 19 се на интензивна терапија додека тројца се интубирани, додаде докторката Даја.

– Институтот за јавно здравство на Косово (ИКШПК) во редовниот дневен извештај за состојбата со Ковид-19, попладнево објави дека вчера во земјата се евидентирани 14 починати кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата се искачи на 371, јави дописникот на МИА од Приштина. Изминатите 24 часа во Косово се регистрирани и 172 новозаболени од Ковид-19, како и 114 лица кои ја пребродиле болеста.

Вкупно од појавата на пандемијата, од извршените 41.152 тестирања (од кои 506 вчера), вирусот е откриен кај 10.419 лица, од кои 6.058 се излекувале. Активни носители на вирусот во земјата, според официјалните податоци на ИКШПК, се 4.020 лица. Министертвото за здравство на Косово објави дека започнала да доделува лиценци на приватните здравствени установи, така што серолошките, но ПЦР-тествоите, од денеска можат да се извршат и во нив.

Next Post

Вечерен преглед на вести: Заев - жалам што не можеме денеска да соопштиме дека има договор, Ахмети - колку што сме блиску, толку сме и далеку од договор за Влада...

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk