ЗАЕВ по средбата со Ахмети: Жалам што не можеме денеска да соопштиме дека има договор.
ЗАЕВ: Притисок е поканата на Ахмети за средба со албанските партии, но сакам да дадам шанса на преговорите.
ЛИДЕРОТ на ДУИ, Али Ахмети по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека колку што се блиску, толку се и далеку двете партии од договор за коалицирање.
ВО Кичево денеска се регистрирани седум нови заразени лица и еден оздравен пациент, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна на 201 лице.
ВО Собранието попладнево се одржува средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети.
ДЕНЕСКА Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти, 173 во Скопје и 93 во Штип.
НОВАЛИЌ: Згрешивме кога констатиравме победа над короната.
ГРЧКАТА Влада воведува нови шест мерки, се откажува саемот во Солун, задолжителен негатвен тест за пристигнување од одредени земји.
СЛОВАЧКА протера руски дипломати поради шпионажа, Москва враќа со иста мера.
ВИЛИЈАН е пред преселба во Арсенал. Бразилецот, кој го напушти Челси и е слободен агент, денеска беше подложен на лекарски прегледи во Лондон.
СПОРЕД последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20.122,614 лица. Од нив починале 735.721, а оздравеле 12.969,895.
Ј. Ѓ.